1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Фуере очекува конечен договор околу Судскиот совет

*

Амбасадорот на ЕУ во Македонија Ерван Фуере се надева дека на утрешната средба на политичките партии ќе има развој и конечен договор околу Судскиот совет. „Се надевам дека сите лидери на политичките партии ќе најдат решение за овој многу важен дел од судските реформи“, истакна Фуере. Амбасадорот повтори дека датумот за Македонија за преговори за членство ќе зависи од динамиката на спроведување на реформите.

„Колку побрзо Парламентот ги усвоите потребните реформи толку земјата е поблиску до остварување на целта“, порача Фуере.