Фуере го предаде знамето на ЕУ | Вести | DW | 06.05.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Фуере го предаде знамето на ЕУ

Специјалниот претставник на Европската унија и шеф на делегацијата на Европската комисија во Македонија, Ерван Фуере денеска по повод 6 мај Денот на европското знаме во Република Македонија го предаде знамето на ЕУ на претставници на Европското движење во Македонија. Фуере притоа изјави дека значењето на овој настан е да се демонстрира европскиот дух. Фуере оцени и дека процесот на приближување на Македонија кон ЕУ оваа година има значителен напредок, особено во олеснувањето на визниот режим.