1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фуере: Владата да направи се‘ за да го рефлектира ентузијазмот на граѓаните за влез во ЕУ

Брисел очекува македонските власти да ги интензивираат напорите за затворање на спорот за името. Владините прогнози за нова грчка блокада на преговорите со ЕУ и очекувањата за нивен старт во 2011 не се поволен сигнал.

default

Ерван Фуере вели дека е штета да се пропушти поволниот момент

Евроамбасадорот во Македонија Ерван Фуере денеска (11.05.2010) уште еднаш ги повика македонските власти да ги интензивираат напорите за што е можно поскоро затворање на прашањето за името, кое ќе го отвори патот за почеток на преговори за членство во ЕУ. Изјавата на министерот за надворешни работи Антонио Милошоски дека Македонија е пред нова грчка блокада и може да очекува почеток на преговори со ЕУ во 2011 година, за Брисел не е поволен сигнал:

„Мислам дека би било голема штета ако целиот позитивен момент од минатата година, во делот на успешните реформи и делот за решавање на прашањето околу името со Грција, биде загубен. Деновиве во рамки на празнувањето на денот на Европа, патував низ земјата и забележав позитивна енергија и посветеност кај граѓаните за постигнување на целта за што е можно поскоро интегрирање во ЕУ. Многу е важно владата да направи се` што е можно да го рефлектира овој ентузијазам и посветеност во зборови и дела“, изјави Фуере.

Mazedonien EU Fahnen

Опозицијата бара извинување на владата

Дилемата дали власта се откажува од решение на спорот со Грција ја отвори министерот Милошоски, кој деновиве на партиска трибина отворено изјави дека нема да биде изненаден од нова блокада од страна на Грција и посочи дека шпанското претседателство со Унијата не е поволно за старт на преговорите:

„Во второто полугодие со ЕУ претседава Кралството Белгија, следната година Унгарија и Полска. Ова го кажувам бидејќи мислам дека почетокот и текот на преговорите очекуваме да биде во една атмосфера на претседавање со земји кои имаат одредена наклонетост и посебно познавање на регионот на ЈИЕ, особено кога станува збор за Унгарија и Полска“, рече Милошоски.

Изјавата на Милошоски за опозицијата е дипломатски гаф и уште еден доказ дека за актуелната владата интеграцијата во ЕУ и НАТО воопшто не се приоритет. Оттаму побараа Владата итно да им се извини на сите земји кои Милошоски ги спомна во неговата изјава.

Автор: Костадин Делимитов

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска