1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбал - пријателски натпревари: Германија ја победи Хрватска, Македонија подобра од Бих

Германската фудбалска репрезентација во првиот настап годинава забележа победа против селекцијата на Хрватска со 2 спрема 1. Средбата во Сплит имаше пријателски карактер и беше во рамките на подготовките за претстојното Европско првенство што ќе се одржи во Португалија.
Клозе во првото полувреме обезбеди водство за Германците, Неретљак изедначи на пет минути пред крајот по грешка на голманот Оливер Кан, но по само три минути Рамело го постигна победоносниот погодок за Хрватска.
"Многу променливо, сметам дека игравме многу променливо. Светлина и сенки, светли и темни моменти.
Но, сметам дека е најважно што победивме во првиот настап. Врз ова сега е можно натамошно надградување", оцени капитенот на германската селекција Кан.
Тренерот Руди Фелер објективно го согледа текот на настаните: "Хрватите на почетокот беа подобри во првите 20 минути, кога не ставија под силен притисок и имаа неколку шанси за гол. Ние бевме малку невнимателни и некако не фативме вистински чекор со играта, па во првите 20 минути и' дадовме многу пријателски карактер. Но, потоа имавме подобра контрола врз неа".
Тренерот на хрватскиот тим Ото Бариќ оцени:
"Натпреварот беше изедначен - ние бевме подобри во првиот половина час, потоа Германците, а во последните 15 минути повторно ние имамвме иницијатива. Имавме повеќе шанси, нерешен резултат ќе беше покоректен.
Севкупно ова беше добар тест, пречи само поразот".
Во март Германија ќе игра подготвителен натпревар со Романија, а во април со Белгија.
Синоќа се одиграни дваесетина пријателски средби. Македонија во Скопје ја совлада селекцијата на Босна и Херцеговина со 1 спрема нула, со голот на Горан Пандев во 25-тата минута. Албанија ја победи Шведска со 2 спрема 1, Португалија и Англија играа нерешено 1 спрема 1, Данска како гостин ја совлада Турција со 1 спрема 0, Грција забележа победа против Бугарија со 2 спрема 0, Белгија е совладана дома од Франција со 2 спрема 0, Ирска и Бразил играа нерешено 0 спрема 0, а Италија и Чешка 2 спрема 2.