1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбал ЕП

Русија, е првата репрезентација, која уште сега е извесно дека ќе ги спакува куферите, по одигрување на натпреварите по групи на ЕП во Португалија

Сергеј Овчинков

Сергеј Овчинков

Русија, ги загуби сите шанси за пласман во четвртфиналето на ЕП во Португалија . Репрезентациите на Шпанија, Грција и домаќинот, Португалија, остануваат во игра за пласман во натамошните борби, по вчерашните натпревари од вториот круг во рамки на групата А

По вчерашниот пораз од 2: 0 од домаќинот Португалија, Русија, нема ниту теоретски шанси во последното коло да обезбеди пласман во четвртфиналето. Маниче и Руи Коста, беа стрелци за Португалија, додека Русите, кои цело второ полувреме го одиграа со играч помалку не успеаа да сторат повеќе. По една интервенција надвор од казнениот простор, беше исклучен голманот Сергеј Овчинков.

Селекторот на Португалија, Луис Фелипе Сколари, е задоволен од победата која ја остава во игра неговата репрезентација. “ Целиот тим одигра добро, можеби можевме да дадеме уште некој гол, но на крај е сеедно со колкав резултат сме победиле“ изјави Сколари

Рускиот селектор, Георгиј Јарчев, по натпреварот изјави, дека ја превзема целата одговорност за неуспехот на репрезентацијата на ЕП.“ Ги избрав овие играчи и јас сум одговорен, се гордеам со нив бидејќи се бореа и дадоа се од себе, тешко е да се игра против домаќин на турнирот со играч помалку“, рече Јарчев

Интересно беше и на натпреварот Шпанија Грција, кој заврши 1:1. Селекторот на Грчката репрезентација, Германецот, Ото Рехагел, е презадоволен од постигнатиот нерешен резултат со Шпанија

“Натпреварот за нас не започна најповолно, уште на почетокот заработивме три жолти картони, дечките настапија со преголема страст и затоа на почетокот излегоа од колосек. Но се на се Шпанија одигра подобро од нас, но затоа ние имавме поголема среќа, бидејќи одигравме со голема страст и волја“

Пред последното трето коло, Шпанија и Грција имаат по четири, Португалија три, а Русија, е без ниту еден освоен бод.