1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбал ЕП

Грција и Португалија се пласираа во четвртфиналето на ЕП во Португалија: Русија и Шпанија се пакуваат и заминуваат дома.

Радост на португалците по постигнатиот гол

Радост на португалците по постигнатиот гол

Европското првенство во Португалија, го донесе првото изненадување, Грција е четвртфиналист и покрај синоќешниот пораз од веќе отпишаната Русија . Грците, се пласираа натаму, благодарејќи на резултатот од Лисабон, каде шпанците во мечот со домаќинот Португалија не успеаа да изборат нерешен резултат, кој им беше потребен за пласман во четвртфиналето.

Во битката за живот и смрт, како што ја нарече тренерот на домаќините Сколари, Нуњо Гомеш, во 57 минута го постигна златниот гол за победа на Португалија од 1:0, прва по 23 години против вечниот ривал Шпанија.

Направивме голема работа и треба да бидеме горди, изјави по натпреварот Луис Фиго. За селекторот Луис Фелипе Сколари, клучната улога ја одиграла публиката, која била не 12 туку 13 14 играч

Според селекторот на Шпанија Инјаки Саес, неговиот тим го заслужил поразот, бидејќи играл без страст, "имавме шанси но топката едноставно не сакаше да влезе во голот, изјави шпанскиот стратег.

Грција загуби од Русија со 2:1 но го постигна најголемиот успех. Во мечот со Русија влегоа доста опуштено, што можеше да ги чини многу, но имаа среќа. Веќе освоивме се и нема што да изгубиме секој противник натаму ни одговара, изјави селекторот на Грција Ото Рехагел.

“ Пред се, важно беше што фативме приклучок. И покрај тоа што резултатот беше 2:0, се обидовме, неуморно се боревме и постигнавме гол. Одамна веќе реков дека не сме светски прваци. Со многу вештина и среќа и сопствените можности, се изборивме за оваа позиција“

Русинот, Димитриј Кириченко, по само 70 секунди игра, го постигна најбрзо дадениот гол со што влезе во историјата на европските првенства. Вториот гол за русите, го постигна Димитриј Буљкин, во 17 минута. Зисис Врицаз, во 43 минута, го постигна единствениот гол за Грција.