1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалско враќање на Пелистер

Се враќа ли некогашниот сјај на фудбалскиот клуб од Битола? Минатото коло во лигата покажа дека Вардар-Пелистер, и натаму останува едно од најпривлечните натпреварувачки ривалства во македонскиот фудбал.

default

Миле Димов, спортски директор во ФК Пелистер

Пелистер, еден од најголемите центри на фудбалските збиднувања е само една од многуте контраверзни стории на македонскиот спорт. Клубот респектиран, кој порано стана дел и од екс-југословенстата Прва лига, мина низ голготата на резултатско урнисување. Со враќањето во најквалитетната македонска лига, на повидок е нов узлет на Пелистер. Миле Димов од позиција на спортски директор верува дека темниот клупски период останува само минато:

„По излегувањето на Пелистер на европската сцена против Апоел, за кусо време се случија некои несакани работи во клубот и во градот под Пелистер. Тоа се влечеше цели 4 години. Пелистер испадна од Првата лига и се натпреваруваше во понизок ранг. За среќа, сега градот застана зад клубот, а со тоа и советниците во градската управа. Експресно клубот го вративме во првата лига и сега се наоѓаме во средината од првенствената табела. Интенцијата е, оваа година да се стабилизираме како клуб, а во наредната со некои засилувања да јуришаме на една од домашните титули и кон вратата на Европа.“

Градење на нов имиџ со сопствени сили

Од летото, на клупата на Пелистер е Горазд Михајлов. Млад тренер со највисоки стручни квалификации,кој во изминатите неколку години работеше на Исланд. Вели, дека Пелистер за секој тренер е голем предизвик, а еве и зошто:

„За мене е голем предизвик што сум тренер на еден ваков клуб популарен и надвор од границите на Македонија. Мене ми е драго поради фактот дека на списокот од 25-мина првотимци дури 23-ца потекнуваат од школата на ФК Пелистер. Тоа, за македонски прилики е вистински куриозитет и единствен случај само двајца играчи даа не се поникнати во клубот.“

Bitola Sirok Sokak, Mazedonien

Битола

Димов само потврдува дека клупската визија е резултатско стабилизирање и форматирање на тимот врз база на сопствени сили:

„Визијата на клубот е потпирање на нашите млади кадри. Познато е дека Пелистер одсекокаш ја имал една од најдобрите фудбалски школи во Македонија. Мислам дека со сопствените сили ќе го креваме се повисоко.“

Фудбалска Европа е во мислите

Горазд Михајлов со оптимизам зборува за перспективата на Пелистер, амбициран во една од наредните сезони да обезбеди излез и во Европа:

„Во разговорите што ги имав со клубските челници, единствена цел ни беше оваа година да го направиме Пелистер да биде стабилен прволигаш. Подоцна, со подобри финансиски услови играчки да се зајакнеме и во сезоната 2013-2014 да направиме поголем прогрес и да влеземе на европската фудбалска сцена.“

Пелистер отсекогаш е препознатлив и според своите приврзаници. Тие во се поголем број се враќаат на трибините на стадионот под Тумбе Кафе. На дербито во Скопје , битолските фудбалери беа придружувани од околу 1000 навивачи.