1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Фудбалското првенство не носи многу пари?

Договори за изградба на нови улици, железнички станици и стадиони, тешки милијарди евра, а освен тоа и посетители од цел свет - Европското првенство се чини е добар бизнис. Но дали навистина е така?

Како рече тренерот Ото Рехагел? „Важно е она што се случува на теренот, се‘ друго е споредно.“ Оваа стара фудбалска мудрост очигледно не важи за економијата. За нејзе случувањето на тревата е малку релевантно. Спортскиот економист Маркус Куршајт од Универзитетот Бајројт со години ја истражува врската меѓу фудбалот и економскиот развој: „Одвај дека има научни студии кои би докажале постоење на супстанцијален ефект за целото стопанство.“ Од фудбалот има ефекти за конјуктурата, но тие не се толку големи колку што тоа се посакува.

Дури и на Светското фудбалско првенство во 2006 година во Германија, и покрај тоа што касите на гостилничарите, трговците на мало и превозниците,

EM-Stadien 2012 Ukraine Stadion Charkiw

Инвестициите во инфраструктурата се исплатливи

постојано се полнеа, брутодомашниот производ се зголеми за само 0,13 проценти. Она што фудбалска Германија го инвестираше во знаменца, пиво и билети, се заштедило на друга страна. Значи летна бајка наместо летен одмор. Пари се заработуваат на друга страна, вели Куршајт: „Тоа се странските посетители, кои носат свежи пари во земјата. Тоа е клучниот ефект од големите спортски настани.“

Имиџот е решавачки

Инвестициите во инфраструктурата, наспроти тоа, имаат само мал ефект врз стопанството. Нови улици, стадиони и автобуси - се‘ се тоа инвестиции кои и онака претстојат. Овие издатоци само се реализирани предвреме. Сепак, ваквите инвестиции се исплатливи, вели Јерн Куицау од Беренберг Банк во Хамбург: „Овие трошоци се исплаќаат, зашто она што се гради може да се користи и во иднина. Кога се обновуваат аеродроми, железнички станици или автопати, тогаш тоа е нешто од што целото стопанство ќе профитира уште долго време.“

Куицау се занимава со прашањето - како големите фудбалски трунири делуваат врз стопанството. Нагласува дека во прв план не се зголемувањето на потрошувачката, ниту изградбата на инфраструктурата, туку нешто сосема друго: „Од мој аспект, стопански релевантна предност на вакви големи настани е што земјата домаќин се презентира во светската јавност и може да се рекламира самата. Тоа може позитивно да се одрази врз довербата во земјата и трговијата.“

Euro 2012 Bildergalerie Fans im EM-Fieber

Навивачите носат свежи пари

Се разбира, предуслов за тоа е игрите да бидат добро организирани и да бидат безбедни. Така и првенството во Полска и Украина може да се исплати. Зашто фудбалските фанови можеби уште еднаш ќе се вратат во земјите домаќини, како туристи или како инвеститори.

Впрочем, и берзата реагира на текот на фудбалскиот турнир. Кога една екипа ќе биде исфрлена од натмошното натпреварување, паѓаат и акциите во таа земја. Тогаш расположението во земјата е лошо, па така е и кај трговците со акции. Интересно е што курсот не се зголемува доколку екипата победува. Тоа трговците го интерпретираат само како мал чекор на патот до пехарот. Екипата може се‘ уште да испаде. Дури кога ќе се победи во финалето, расте радоста и курсевите на акциите, велат научниците.