1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалски скандал во Данска

За ударни наслови во медиумите деновиве се погрижи еден германски фудбалски судија: Херберт Фандел го прекина натпреварот меѓу соседите Данска и Шведска во 89-тата минута, по напад на еден гледач.

default

Пенал и прекин: Данска аут

По фуриозниот лов на резултатот по водството на Шведска од 3 спрема 0, на фудбалерите на Данска им успеа да израмнат. Но, тогаш една минута пред крајот, на публиката и застана здивот: данскиот фудбалер Кристијан Паулсен го удри со тупаница противничкиот играч Маркус Розенберег. Судијата Фандел му покажа црвен картон на Паулсен и покажа на белата точка. Тоа беше премногу за еден 29-годишен навивач кој ја прескокна одградата и го нападна судијата. Данските фубалери го заштитија Фандел и спречија уште полоша ситуација. По прекинот сосем е јасно дека натрпеварот ќе биде регистриран со 3 спрема 0 за Шведска. Судијата Херберт Фандел за прекинот изјави:

„Сосем добро знам да се снајдам во таква ситуација и отпосле можам да кажам дека сум задоволен што во толку екстремна ситуација м го донесов вистинското решение. Многу е важно заедно – новинарите, тренерите, играчите, судиите, да покажеме со прст кон играчите што играат на тој начин. Јасно да кажеме дека тоа претставува почеток на катастрофа и дека таквите немаат што да бараат на теренот„.

Данскиот тренер Мортен Олсен по натпреварот му се извини на судијата, а за постапката на својот фудбалер изјави:

„Ова е црн ден за данскиот фудбал. Она што го направи Паулсен е непростливо„.