1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалски натпревар меѓу попови и имами

Пред почетокот на Светското фудбалско првенство ќе се оддигра фудбалски натпревар меѓу попови и имами.

Стадионот во Кајзерслаутерн

Стадионот во Кајзерслаутерн

Еден месец пред почнување на Мундијалот во Германија, ќе се оддржи фудбалски меч меѓу екипи составени од попови и имами, соопшти германската протестанска црква. Судиската тројка ќе биде составена од рабини. Целта на овој фудбалски меч е да го поттикне разбирањето меѓу религиите.

Ова ќе биде прва ваква спортска средба во Германија. Претставници на протестанската црква имаат желба да организираат мини Светско првенство во фудбал, на кое би учествувале различни цркви и религии.