1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалска фиеста во Шпанија

Стотици илјади луѓе го славеа успехот на шпанската репрезентација на Европското првенство. Во Германија разочарување од поразот, но и покрај тоа, релаксирана атмосфера меѓу навивачите. Без инциденти и во Виена.

default

Навивачите во Мадрид

Феноменално, супер, победивме... Радост, огномет, капење во фонтани и реки од пиво и шампањско на секој чекор во шпанскиот главен град Мадрид. Прва титула за националната фудбалска селекција по цели 44 години - навистина посебен ден. „Ова е неверојатно. Ние сме прва генерација што повторно виде вакво нешто“.

„Жал ми е за Германците. Но, барем ово пат ни ја препуштивте нам титулата“.„Ова е нова етапа за шпанскиот фудбал. Сега можеме да бидеме и светски шампиони и повторно европски прваци. Ова е нова генерација фудбалери“.

Малку шанси и лоша игра - разочарување во Германија

Fußball Euro 2008 Finale Deutschland Spanien Fanmeile Berlin

Пренос на финалето во Берлин

Во Берлин повеќе од половина милион луѓе се собраа на заедничко следење на преносот од финалниот натпревар на Европското првенство. Како се ближеше крајот на натпреварот, така спласнуваа надежите на навивачите. На крајот, големо разочарување и признание за противникот.

„Ова едноставно беше слаба игра. Не игравме напаѓачки, имаше празнини во одбраната. Само четири удари кон голот - тоа кажува се’, нели?“„Имавме само четири шанси за 90 минути. Шпанија заслужено победи“.„Многу лошо. Немаше притисок, немаше шанси, ништо.“

Но, не беа сите навивачи толку критички расположени и разочарани:„Германците се европски прваци на нашите срца“.

Кај Бранденбуршката порта по финалето, и покрај поразот на германските избраници, со песна продолжи навивачкото празнување.

Денеска повторно на истото место ќе се соберат илјадници луѓе за да ги поздрават европските вицешампиони. Оти, второ место во Европа не е неуспех, посебно кога победникот беше и навистина најдобар.

Виена - добар домаќин

Fußball Euro 2008 Finale Deutschland Spanien Fans in Wien

Заедничко славје во Виена

Околу 70 илјади луѓе во центарот на австрискиот главен град го следеа заеднички преносот од средбата, што се играше на тамошниот стадион. Од нив околу 25 илјади беа Германци, а десетина илјади Шпанци. Со нив, покрај Австријци, уште и навивачи од земјите кои не стигнаа до завршната претстава. Германците беа незадоволни од играта на својата репрезентација.

„Што може да се каже - слабо!“„Финалето е шик. Не требаше вака, но можеби ќе биде наредниот пат“ „Разочаран сум, дојдов од толку далеку само за да гледам, а загубивме.“ „Шпанија заслужено победи“

Но, сите присутни заедно мирољубиво славеа празник на фудбалот. Само десетина Германци се уапсени поради предизвикување штети. Генерално, и претходно во текот на денот се’ помина без позначајни инциденти. Најмногу работа имаа угостителите и медицинскиот персонал што мораше да се грижи за оние кои претераа со консумирање алкохол.