1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалската магија низ очите на Васил Рингов

По финалето на СП во фудбал во Јужноафриканската Република во Македонија се разменуваат импресиите од драматичните слики од Јоханесбург. Какви се впечатоците на едно од големите македонски фудбалски имиња, Васил Рингов?

default

Финалето на СП 2010 Шпанија против Холандија

Фудбалската магија од југот на Африка се’ уште силно е присутна, под импресиите од синоќешното финале. Полн со впечатоци е и Васил Рингов, едно од најголемите имиња на македонскиот фудбал. За него е очекувана победата на Шпанија. „Заслужено го освоија првото место. Имаат континуитет, беа европски прваци, уиграни се, немаат нови играчи. Можеби требаше да победат во регуларниот дел.“

Vasil Ringov ehemaliger Nationalspieler Fußball Mazedonien

Васил Рингов

За новиот, трет финален крах на Холандија Рингов вели: „Мислам дека нешто им фали. Сигурно е дека ќе направат анализи, но за Холандија и ова е добар успех. Шпанија сепак индивидуално е посилна од Холандија.“

Највпечатливите моменти од светското првенство за Рингов се следниве: „Најнапред би ги издвоил судиските грешки! На вакви натпреварувања не би требало да се случуваат. Потоа впечатливо беше дека има многу тактики во играњето. Фудбалерите немаа голема слобода во играта, туку тренерите им наметнуваа тактички задачи. Затоа до четврт финалето првенството не беше многу атрактивно. Од убавите работи: паѓаа голови, имаше многу публика, фудбалот беше интересен, со еден збор фудбалот е најубавиот спорт.“

Fußball WM Finale Spanien Niederlande Weltmeisterschaft

Шпанците ја совладаа Холандија

На прашањето за најистакнатите поединци на светското првенство, Рингов одговара во свој стил: „Јас ги преферирам напаѓачите. За мене импресивен беше и целиот среден ред на Шпанците и особено холандскиот напаѓач Робен. Забележав дека и одбрамбените играчи мораат да знаат фудбал за да играат вакви натпревари.“

И изборот на Уругваецот Диего Форлан за најдобар играч на

Fußball WM 2010 Südafrika Spiel um Platz 3 Deutschland Uruguay

Натпреварот за трето место Германија - Уругвај

првенството смета дека е правичен: „Даваше голови, ја водеше целата репрезентација на Уругвај напред. Заслужено е најдобар играч на првенството.“

Фудбалот бара освен таленти и организација

Рингов вака ја коментира релацијата Македонски фудбал-Мундијал. „Македонија во моментов е многу далеку, но и многу блиску до светското првенство. Кај нас фудбал се играл и ќе се игра. Но, за мене има една несфатлива работа: фудбалот не се само оние што ќе истрчаат на теренот, туку треба и организација. Трба да се признае дека грешиме и дека треба да почнеме од нула. Бидејќи таленти има во сите градови, но на 15 до 16 години нашите таленти се губат.“

Наскоро започнуваат квалификациите за Европското првенство. Од противниците во групата во која е Македонија, на Мундијалот беше само Словачка. Васил Рингов смета дека е тоа силна репрезентација. „Фантастична репрезентација! Првпат беа на светските првенства. На почетокот не беа опуштени, но тоа што го направија против Италија беше одлично!“

Автор: Златко Калински

Редактор: Александра Трајковска