1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалот не е се’

Германскиот второлигаш, ФЦ „Санкт Паули“ пред три години започна образовен проект за младите фудбалери. Тие го поддржуваат секој млад играч да си најде професија надвор од теренот. Проект за пример ширум Германија.

default

ФЦ Санкт Паули

Студена вечер во Хамбург. На фудбалскиот терен тренира А - подмладокот на ФЦ „Санкт Паули“. Саша Кузманов е еден од играчите. 18 годишното момче со сина коса, исчешлана нагоре и намачкана со гел игра во нападот. „Веќе одамна имам сон. Пример ми е Фернандо Торес, тој е напаѓач, топ напаѓач, еден од најдобрите напаѓачи во светот, радо би сакал еднаш да играм со него во нападот. “

Leiterin der Ausbildungsförderung St. Pauli

Биргит Фогтлендер, раководител на образовниот проект

Саша ги напрви првите чекори. Веќе го потпиша договорот за избраниците „под 23 години“, а оттаму во најдобар случај ќе влезе во профи - тимот на второлигашот.

Наредниот ден, Кузманов ја менува спортската опрема со бела кошула и фармерки. Во малата канцеларија во стадионот на клубот, спроти него седи Биргит Фогтлендер. 36 годишната жена е координатор на образовниот проект на клубот.

Таа го подготвува Саша за разговор, кога ќе се претставува во некоја фирма. „Во секој случај ќе ти го постават прашањето, кое е класика на сите приемни разговори, а тоа е: кои ти се силните страни, а кои слабости? Што ќе им одговориш?“ Кузманов вели: „Со оглед на тоа што во мојот клуб, ФЦ „Санкт Паули“ од мене бараат многу, мислам дека можам да издржам и големо оптоварување. Во нашиот тим многу полагаат и на дисциплината, тоа значи дека можам да бидам дисциплиниран и на работа и да соработувам со колегите.“

Sascha Kuzmanov St. Pauli

Саша Кузманов

За младиот играч е важно да има и друга професија, а не да биде само фудбалер, иако сака да стане професионалец: „Мора да играш на две карти. Ако не успееш со фудбалот, ако се повредиш или се случи друго нешто лошо, тогаш немаш ништо. Затоа е подобро ако се образуваш.“

Кога фудбалерите ќе наполнат 16 години, Биргит Фогтлендер доаѓа во кабините за пресоблекување и им се претставува на фудбалерите. Жената со долга сина коса и симпатична насмевка му помага на секој играч при изборот на професијата и образованието, им ги подготвува документите, им посредува при барањето пракса, бара

Kabine St. Pauli

Во кабината за пресоблекување

соодветно претпријатие или училиште. Околу 40 претпријатија соработуваат со клубот: „Способност за тимска работа, за надминување на конфликти, доверливост, точност. Сите овие доблести играчите ги добиваат на теренот. Тие знаат дека ако задоцнат или се несериозни, ќе седат на клупата.“

Образовниот проект го чини „Санкт Паули“ 15 илјади евра годишно. Тој се финансира од донациите на членовите на клубот. Покрај овој фудбалски клуб од Хамбург, има уште многу малку клубови во Германија со слични проекти, како на пример Хофенхајм и Фрајбург. Германскиот фудбалски сојуз не ја поддржува оваа активност. Сојузот редовно го проверува квалитетот на работата со подмладокот, но образовните проекти не спаѓаат во неговите критериуми. Во фудбалскиот клуб Санкт Паули сметаат поинаку - имено, фудбалот не е се’, важно е и образованието и стручната подготовка. Саша Кузманов, во секој случај, не треба да се грижи: тој веќе доби место за обука како трговец со индустриски производи!

Автор: Феликс Хофман / Александра Трајковска

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска