1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалот не е политика , туку само најубавата споредна работа

Нередите од кои се стравуваше во Германија пред синоќешниот меч со исклучоци на истокот на земјата изостанаа. Натпреварот меѓутоа не ги ни промени во основа односите меѓу Германците и турските доселеници во земјата

default

Фестивал на интеграција

Германија ќе игра во посакуваното финале на ЕП в недела во Виена. Турците го имаа својот најдобар настап на турнирот но и покрај тоа загубија. Тие меѓутоа го напуштија теренот со кренати глави и тоа беше добро. На крајот среќата беше обоена со боите на германското знаме: црно, црвено , златно...

Нередите од кои се стравуваше со неколку исклучоци во источна Германија изостанаа. Турците славеа рамо до рамо со германските навивачи пред големите екрани, во навивачките зони на отворено . По мечот се посакуваше среќа, и Германците овојпат беа тие кои трубеа со автомобилите по улиците. На Турците им преостана да аплаудираат од време на време или да се приклучат кон автомобилското корзо. Тие сега повторно можеа да ја подржуваат Германија. Тоа всушност го прават секогаш , освен кога станува збор за натпревар против Турција.

По апелите против расизмот на капитените на двете репрезентации Михаел Балак и Рушту Ренчбер пред натпреварот беше битно дека двете екипи играа дисциплинирано. Груби фаули, спорни одлуки или неубави сцени како на пример кошкања меѓу играчите на теренот немаше. Фер играта и пријателскиот однос меѓу играчите на теренот се пренесе како на трибините во Базел така и во навивачките зони во Германија,а така беше и во Турција.

Пред натпреварот, често се говореше за Фестивал на интеграцијата. Сега сликите пренесоа чуство како ова очекување да се оствари. Но би било претерано, од фудбалот да се очекува да ги поправи грешките на владите, на политичарите и партиите во областа на интеграцијата и толеранцијата. Фудбалот не е во состојба да го стори тоа и би било премногу тоа и да се бара од него.

Дали овој пријатно позитивен натпревар сега ќе и обезбеди нови импулси на интеграцијата ? Иако вреди да постои надеж за тоа , сепак изгледа неверојатно. Секојдневието ан Турците и на Германците, сеуште е одбележано од предрасуди, од преголеми очекувања од другата страна. Фудбалот е и останува најубавата споредна работа во светот. За Германците и за Турците. Но грижите на секојдневниот соживот остануваат. Најголемиот број Турци се чуствуваат погрешно разбрани од страна на Германците . Овие пак не веруваат во желбата за интеграција на Турците . Германските стравувања од поинаквата култура у религија на Турците за жал и натаму ќе опстојат.

И во тоа фудбалот нема да промени ништо.