1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалот ги разболува професионалците!?

По повлекувањето на Ралф Рањик од тренерската клупа на Шалке и неговото јавно изјаснување дека страда од „брнаут синдром“, во Германија се разви дискусија околу тоа дали светот на фудбалот е „нечовечен“.

ARCHIV: Fussball, 1. Bundesliga, Saison 2010/2011, 5. Spieltag, TSG 1899 Hoffenheim - FC Bayern Muenchen, Rhein-Neckar-Arena, Sinsheim: Hoffenheims damaliger Cheftrainer Ralf Rangnick winkt vor dem Spiel (Foto vom 21.09.10). Nach Informationen der Sport Bild ist Ralf Rangnick aus gesundheitlichen Gruenden mit sofortiger Wirkung als Trainer von Fussball-Bundesligist FC Schalke 04 zurueckgetreten. Er informierte am Donnerstagmorgen (22.09.11) die Mannschaft ueber diesen Schritt, hiess es in der Meldung. (zu dapd-Text) Foto: Natalie Nollert/dapd

Ралф Рангник

Отмар Хицфелд е национален тренер на швајцарската фудбалска репрезентација, кој може да се пофали со многубројни големи клубски успеси. Хицфелд, меѓутоа, коментирајќи го „случајот Рањик“, призна дека и тој самиот бил на само еден чекор до т.н. „брнаут“. Во 2001 година откако со неговиот клуб Баерн го освои првото место во Лигата на шампионите, на тогашниот менаџер на клубот Ули Хенес му рекол: „ Потребна ми е пауза, ќе си одам.“ Меѓутоа, менаџерот не сакал ниту да слушне за такво нешто. Хицфелд продолжил да го тренира германскиот првак, меѓутоа тоа не му претставувало ниту задоволство, ниту радост. Тој останал рамнодушен дури и во 2003 година кога Баерн од Минхен ги освоил двете титули. Дури една година подоцна тренерот Хицфелд забележал дека нема повеќе сила и во 2004 година го напуштил клубот.

Бавно заздравување

Откако си отишол, вели Хицфелд, му била потребна повеќе од една година да ја поврати силата, апетитот и волјата за живот. Тоа била една од причините поради што ја одби понудата да стане национален тренер на германската репрезентација. Според Хицфелд, притисокот на кој се изложени фудбалските тренери е речиси неиздржлив: „Дури и кога ќе дојде до некоја мала криза човек се чувствува како да трча низ грмушки. Притисокот е постојано тука, а има многу мал простор да се излезе од него. Најголемиот проблем е трчањето од еден на друг термин и фактот што си постојано под притисок.“

Колегите смогнаа храброст

Fußball Bundesliga 3. Spieltag: 1. FSV Mainz 05 - FC Schalke 04 am Sonntag (21.08.2011) in der Coface Arena in Mainz. Die Schalker Benedikt Höwedes (l-r), Julian Draxler, Lewis Holtby, Torschütze Christian Fuchs und Kyriakos Papadopoulos jubeln nach dem Treffer zur 3:2 Führung. Mainz verlor die Partie mit 2:4. Foto: Fredrik von Erichsen dpa/lrs (Achtung Sperrfrist! Die DFL erlaubt die Weiterverwertung der Bilder im IPTV, Mobilfunk und durch sonstige neue Technologien erst zwei Stunden nach Spielende. Die Publikation und Weiterverwertung im Internet ist während des Spiels auf insgesamt fünfzehn Bilder pro Spiel begrenzt.)

Фудбалерите на Шалке о4

Следејќи го чекорот на Рањик, за емоционалниот свет на тренерите, многу отворено и емоционално зборуваше и тренерот на Баер Леверкузен, Робин Дут во едно телевизиско интервју. Најмногу енергија човек губи, рече тој, кога нема никаков издувен вентил за сите напади, невистини и навреди на кои е изложен речиси секој професионален фудбалски тренер: „Има толку многу ситуации во кои, како тренер, треба да ги стиснете рацете во џебот, бидејќи мора да се воздржите за некоја непријатна ситуација да не ја влошите уште повеќе со сопствена контрареакција.“ Секако дека секој тренер знае во што се впушта и колку стресна ќе биде неговата работа, вели Дут, но сепак тој бара повеќе поддршка и респект: „Дискусиите за спортските порази треба да се бараат на фудбалскиот терен, а не по секој пораз да се бара човечка грешка. А, кога ќе се најде таква грешка, тогаш човекот нема повеќе мир.“

Половина од тренерите загрозени

Тренерот Армин Фе, кој со фудбалскиот клуб Штутгарт пред неколку години беше првак, а сега го тренира Ајнтрахт од Франкфурт, тврди дека „случајот на Рањик во никој случај не е осамен“. Во германската Бундеслига половината од тренерите се латентно загрозени, но за тоа колегите не зборуваат еден со друг. „Добро е тоа што сега почнавме отоврено да разговараме за проблемот“, смета Армин Фе.

Спортскиот лекар на Шалке Торстен Рарек смета дека во обуката на тренерите во иднина треба да се вклучат и методи за совладување на стрес. „Доколку стресот не може да се намали, тогаш треба да се зголеми отпорноста на него и издржливоста“, аргументира тој. Според него, Ралф Рањик ќе и’ се врати повторно на професијата, но укажува на тоа дека по длабока и голема криза не е реткост човекот да открие некоја нова перспектива и пронајде нови, сосема поинакви цели во животот. Повторното враќање на тренерската клупа по преживеаниот „брнаут“ поголемиот дел од челните луѓе на клубовите не го сметаат воопшто за проблематично.

Фудбалот не е полош од целото општество

Bayern Munich's coach Ottmar Hitzfeld reacts during the Champions League quarter-final first leg soccer match between AC Milan and Bayern Munich at the San Siro stadium in Milan, Italy, Tuesday, April 3, 2007. (AP Photo/Luca Bruno)

Отмар Хицфелд

Сегашниот претседател на Баерн Минхен, Ули Хенес, пак, смета дека светот на фудбалот не е ништо „понечовечен“ од било кој друг сегмент на општеството, туку дека тој е само одраз на општеството: „Мораме да престанеме да мислиме дека ова е специфичен проблем во фудбалот. Во никој случај не е така.“ На се’ повеќе луѓе во општеството, во кое живееме им е потребна пауза, бидејќи не можат да излезат на крај со притисоците на кои се изложени од сите страни. „Тоа е општ проблем што го има во сите претпријатија и на сите хиерархиски позиции“, смета Ули Хенес. Но, со ваквиот став по се’ изгледа тој е осамен, бидејќи голем дел од луѓето не мислат така.

 

Автор: Дуња Драгојевиќ / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Симе Недевски