1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалер – кандидат за претседател на Либерија

Се сеќавате на Жорж Веа? Љубителите на фудбалот секако го памтат: во 1995-та беше прогласен за фудбалер на годината во светот, ги бранеше боите на Монако, Пари сен Жермен, Милан, Челзи, Манчестер Сити и Олимпик Марсеј, а минатата година ја заврши спортската кариера.

За многумина како него тогаш се поставува прашањето што понатаму? За Веа, сепак, нема дилеми. Во изминатите години тој се ангажира како амбасадор на УНИЦЕФ во борбата против сидата и за рехабилитација на децата-војници. Сега амбициите му одат многу повисоко: 38-годишниот Жорж Веа сака да стане претседател на Либерија, неговата татковина разорена од граѓанската војна.

Судејќи според воодушевувањето со кое беше пречекан синоќа во главниот град Монровија, можеби и не е без шанси. Патем, користењето на шансите го карактеризираше како фудбалер во нападот.