1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалерот на Бајерн, Брено, во истражен затвор!

Играчот на Бајерн, Брено, деновиве заврши в болница по пожарот во неговата вила. Полицијата во меѓувреме, смета дека огнот во луксузниот кварт на Минхен не бил случаен и се сомнева токму во Брено!

default

Брено во притвор

Четири дена по пожарот во неговата вила, фудбалерот на Бајерн, Брено, е одведен во истражен затвор под сомнение дека го подметнал огнот. Судот во Минхен денеска (24.09) издаде налог за апсење на 21-годишниот Брено поради опасност од бегство и прикривање на делото, соопшти портпарол на Обвинителството во Минхен. Вилата на професионалниот фудбалер на Бајерн Минхен целосно изгоре ноќта спроти вторникот (20.09). Причинета е милионска штета.

Brand Haus von Breno FC Bayern München

Вилата на Брено во квартот Гринвалд во Минхен

Вчера Обвинителството соопшти дека е покрената истрага против младиот Бразилијанец. За време на пожарот Брено бил во вилата, а неговата жена и трите деца биле отсутни. Брено во Бајерн дојде во 2008 година, но не успеа да се пробие поради силната конкуренција, а во фудбалската сезона 2009/2010 година му беше позајмен на ФК Нирнберг, каде долго се бореше со повреди. Пред избивањето на пожарот Брено се жалел неколку дена на проблеми со коленото и стравувал од крај на кариерата.

Брено засега останува во притвор, иако евентуално може да биде пуштен со плаќање кауција.

Автор: ЖА/ЕМФ/дпа

Редактор: Е. М. Фиданоска