1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фудбалерите се‘ уште се плашат јавно да кажат дека се хомосексуалци

Во Германија повторно се води дебата околу хомосексуалците меѓу германските профи-фудбалери. Повод - еден играч од Бундеслигата анонимно зборуваше во интервју на оваа тема.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги охрабрува професионалните фудбалери кои се хомосексуалци тоа и јавно да го соопштат, а претседателот на фудбалскиот клуб Бајерн Минхен, Ули Хенес, смета дека првото јавно признание е само прашање на време. Во дебатата околу играчите хомосексуалци, политиката и спортот ги охрабруваат играчите да се осмелат јавно да зборуваат за својата сексуална ориентација. „Мора да знаеме дека се‘ уште има страв од реакциите на околината, но ние можеме да дадеме сигнал - не мора да се плашите“, рече канцеларката Ангела Меркел, која по повод акцијата во Бундеслигата „Оди по својот пат“, посветена на интеграцијата, имаше покането гости од фудбалот во својот кабинет во Берлин. Пораката на акцијата, поради која патем во ова коло од Бундеслигата играчите на дресовите нема да носат рекламни пораки, туку сите ќе го имаат испишано слоганот „Оди по својот пат“, гласи: спортистите не смеат да се оценуваат според потеклото, религијата или бојата на кожата.

Buenos Aires International Gay and Lesbian Football Association IGLFA

Светско фудбалско првенство на хомосексуалци во Буенос Аирес во 2007 година - вакви слики не можат да се замислат на германските стадиони

По интервјуто што за магазинот „Флутер“ го даде професионален фудбалер од Бундеслигата, кој сакал да остане анонимен, а во кое тој наведува дека се плаши јавно да каже дека е хомосексуалец, претседателот на фудбалскит клуб Бајерн, Ули Хенес, им препорача на тимовите во Бундеслигата да се подготват за оваа тема. „Тоа ќе дојде, порано или подоцна и сите тимови треба добро да се подготват, за да имаат добри одговори“, вели Хенес. Тој не сфаќа зошто некој играч би се чувствувал небезбедно доколку јавно каже дека е хомосексуалец. „Не гледам опасност по нечие здравје“, нагласува Хенес, кој додава дека не може да преземе одговорност за евентуалната душевна болка доколку играч хомосексуалец на други стадиони биде навредуван.

Претседателот на Здружението на Бундеслигата Рајнхард Раубал оценува дека не може да се проценат последиците доколку некој од професионалните фудбалери признае дека е хомсоексуалец. Кристијан Зајферт, раководител на Германската фудбалска лига, исто така не е сигурен какво ехо би имало во јавноста признание за хомосексуалност на некој од играчите, и покрај тоа што германското општество е толерантно. Ули Хенес смета дека првиот чекор треба да го направат играчите, а потоа клубовите треба да ги „заштитат играчите колку што е неопходно“.