1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Лицата на Германија

Фризерката Марион Есер од Келн

Фризерите нудат посебни услуги. Кога ја стрижат, мијат и фризираат косата на муштериите, тие им се доближуваат. Овде можете да и‘ се „доближите“ на Марион Есер, фризерка во Келн.

default

6:30 часот - Првата фризура

Денот на Марион Есер и‘ започнува со средување на сопствената фризура. Пред огледалото во бањата фризерката ги фенира своите руси кадрици. Шминкањето на крај и‘ оди лесно, оти е козметичарка. Но, има и денови кога не се шминка, објаснува Марион Есер: „Користам шминка само пред да одам во салонот, кај моите муштерии. Кога сум на одмор воопшто не користам шминка.“

Утринава е мирно во домот на Есер. Започна училишниот распуст и денес фризерката може да ги остави двете

Gesichter Deutschlands MaEsP2

„Нашите муштерии се кралеви, односно ѕвезди и ние сакаме да работиме во позадина“

девојчиња подолго во кревет. Инаку, нејзиниот сопруг во 7:30 часот ги вози девојчињата во училиште. „Би сакала да имам повеќе време за моите деца, за да може повеќе да вежбам со нив за училиште“, се жали мајката. Но, немаат време за тоа, како и за подолг одмор. Марион Есер и нејзиниот сопруг водат сопствен фризерски салон, и мора да бидат присутни таму.

Пред да тргне на работа Марион Есер набрзина ја облекува работната облека. Во фризерскиот салон носи само црна облека. Зошто? „Нашите муштерии се кралеви, односно ѕвезди и ние сакаме да работиме во позадина“, објаснува фризерката. Смешкајќи се, таа додава: „Црната облека е добра оти не се познаваат ни дамките од боите за коса.“

8:30 часот - Во салонот

Од нејзината куќа до салонот има десет минути со автомобил. Како шеф на фризерскиот салон, Марион Есер таму го поминува целиот ден заедно со нејзиниот сопруг. Точно во девет часот започнува работата со првиот муштерија. Таа потстрижува едно љубезно и комуникативно момче. Марион има и неколку муштерики на кои им ја фарба косата. Со своите муштерии секогаш

Gesichter Deutschlands MaEsP4

Иако е шеф, Марион работи се‘ што е потребно

води пријатни разговори со љубезна насмевка на лицето. „Разговараме за нашите деца и разменуваме искуства. Понекогаш станува збор само за времето.“

Една муштерика сака да ја бојоса косата и Марион Есер ја советува која боја и‘ прилега. Марион ги меша боите во малата споредна просторија. На главата на муштериката одвојува триаголници во форма на потковица со четка и чешел за фарбање, и на нив нанесува боја.

Марион Есер работи и на касата и, се разбира, секогаш ги контролира нејзините вработени. Иако е шеф, таа работи се‘ што е потребно. „Можам и да метам“, се смее.

Им помага на муштериите да се раскомотат. „Понекогаш им го носам кафето и весникот“, раскажува фризерката. „Некои од моите муштерии веќе со години доаѓаат кај мене.“

14:00 часот - Крај на работното време

Марион Есер во салонот обично останува до 17:30 часот. Но, денес е петок и работното време и‘ завршува порано.

Gesichter Deutschlands MaEsP3

Марион во фризерскиот салон носи само црна облека

Во блиската продавница, католичката верничка купува риба и компири. „Во нашиот дом секој петок подготвуваме риба. Само навечер јадеме готвено.“

Најпосле оди да вози ролерки со двете ќерки. „Почнав да возам ролерки само заради децата. Сега јас сум онаа која вози најмногу. Секогаш морам да ги мотивирам нив да се активираат и да возат со мене“, раскажува смеејќи се.

Други хобија на Марион Есер се уште читањето, а пред се‘ цртањето. „Доколку завршев матура, ќе студирав уметност и ќе станев сликарка. Без сомневање!“

16:00 часот – Дома

Пристигнува дома и прво ја проверува поштата. „Сите сметки му ги давам на сопругот. Јас ги отварам моите писма. Меѓу нив ретко има сметки. Не сакам сметки, како сите луѓе. Но, мора да се платат“, вели таа.

18:30 часот – Во кујната

Марион Есер работи во кујната. Лупи компири, ги става да се варат и се радува на заедничката вечера со нејзиното семејство.

Најпосле семејството се собира на поставената маса. Ги држат рацете за молитва и си посакуваат добар апетит. Заедничката молитва пред јадењето е традиција во нејзиното семејство. „Кажуваме молитва пред оброкот, а некогаш и потоа, но втората најчесто ја забораваме“, вели Марион Есер и се смешка.

Автор: Али Алмакхлафи / Јасна Мушиќ - Јанчулева

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска

WWW-линкови