1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фридрих се залага за регистар за патување

Во Германија расте бројот на мигрантите, кои се откриени дека нелегално влегле во земјата. Поради ваквите појави министерот за внатрешни работи предлага воведување на централен регистар на ниво на ЕУ.

Неопходен е електронски систем за патување по примерот на САД, изјави министерот за внатрешни работи на Германија Ханс Петер Фридрих за весникот „Фраје Пресе“ од Кемниц. „Кој сака да допатува во ЕУ од земја за која важи визната либерализација, би требало да се пријави онлајн, да каже кој е и што сака во ЕУ“, смета министерот. Ова „би отежнало да се дојде во Германија неоткриен“.

Образложувајќи го овој предлог Фридрих вели дека Германија била „цел за криминалци и терористи“. Проблем министерот гледа и во барањето од страна на стопанството за можно неограничено слободно патување за партнерите во се’ повеќе земји. Русија и Турција притискаат за визна либерализација.

Границите мора да бидат обезбедувани

Олабавување на околностите или дури и целосна визна слобода, меѓутоа била поврзана со губење на контролата, која би морала да биде конпензирана на друг начин, на пример со еден ваков електронски систем за патување. Само под овие услови би можело да има олабавување за визната обврска. Отворени граници во Европа се добивка за секој граѓанин „но потребна ни е голема свест за тоа, дека мораме да ги обезбедиме нашите граници“, вели Фридрих.

Во основа министерот се залага за земање на биометриските податоци во Европската унија. Тоа би можело да биде спроведенео со еден т.н. Entry-Exit-System, особено со отпечатоци од прсти. Ова меѓутоа било „многу долгорочна цел“.

Според последниот извештај за миграција на Германската влада бројот на илегалните мигрантите кои биле откриени е покачен на 21.156. Тоа е 18,6 процентиповеќе отколку претходната година.