1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Фридрих бара пофер однос кон САД

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих во пресрет на неговата посета на САД најави расветлување на фактите околу аферата со американските тајни служби.

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс Петер Фридрих, од Христијанско социјалната унија, во аферата околу наводна шпионажа од страна на НСА оценува дека САД не биле фер третирани. Фридрих забележува дека без прецизни знаења биле проширени сомнежи против американскиот сојузник, рече министерот во интервју за „Шпигел онлајн“. Без укажувања од САД и без добрата соработка со тајните служби во Германија најверојатно немаше да може да бидат спречени терористички напади. Фридрих истовремено го одбрани ставот на канцеларката Меркел дека соработката со тајните служби на САД е неопходна во борбата против тероризмот. Пред неговите разговори во САД германскиот министер најави дека има намера да ја разјасни ситуацијата.

Германската министерка за правда Сабине Лојтхојзер Шнаренбергер од своја страна подвлече дека САД во аферата неможат да избегнат одговорност. На адреса на Американците министерката дополни: „Неможе само да се чека додека темата не исчезне од дневен ред“. Таа во интервју за новинската агенција Дпа побара колку што е можно поголема транспарентност. Министерката за правада од редовите на германските либерали исто така изрази негодување поради досегашното однесување на САД. „Тоа што со недели не добиваме никаков одговор, не дознаваме ништо, тоа неможе да биде така“.

Опозицијата и' префрли на германската влада дека во аферата недоволно ги застапувала германските интереси. Германската канцеларка не делувала, критикуваше шефот на СПД Зигмар Габриел преку „Шпигел онлајн“. Политичарот од Зелните Кристијан Штребеле побара итно прекинување на програмите за надгледување на САД.

Меѓутоа експертот за внатрешни работи од СПД Михаел Хартман за првата програма на германската телевизија (АРД) призна дека германската БНД де факто го правела истото што и НСА. Тој проценува дека БНД во странство ја следела електронската комуникација, и притоа се обидувала да ги користи сите технички можности во интерес на безбедноста на Германија.