1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фридом хаус регистрира пад во македонската демократија

Во Македонија е регистриран вознемирувачки пад, забележува најновиот извештај на Фридом хаус, насловен „Нации во транзиција 2013“. Иста формулација е дадена и за Албанија, БиХ и Косово.

Организацијата „Фридом хаус“ забележува „пад во правната рамка и независноста на судството, по алармантните нарушувања во истрагата на познато убиство и бесрамниот политички притисок на судовите од страна на министер за здравство“. Тоа на Фридом хаус му предизвикало „сериозни сомнежи за изгледите на сеопфатните судски реформи и антикорупциски напори“. Затоа Македонија бележи пад во индексот за слободата на судството. Тој оваа година изнесува 4,25. Минатата година бил 4.

Во оснос на независноста на медиумите земјата е оценета со ист индекс како лани – 4,75. Фридом хаус ги рангира земјите на скала од еден до седум, односно од консолидирана демократија до консолидиран авторитарен режим. Со 4 се оценува транзиционо владеење/хибриден режим, а со 5 полуконсолидиран авторитарен режим.

Пад се бележи и во однос на демократијата – од 3,89 на 3,93 оваа година. Иста оценка како и лани, односно 3,25 Македонија доби за цивилното општество. Во однос на корупцијата, земјата и минатата и оваа година е оценета со иста оценка - 4.