1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фридом Хаус: Македонија е делумно слободна земја

Во најновиот годинешен извештај на невладината организација „Фридом хаус“ (Freedom House) за политичките права и слободи, државите од Балканот се рангирани меѓу делумно слободните и слободните земји од светот.

Како слободни земји од регионот, во кои спаѓаат оние со политичка конкуренција, кои ги почитуваат граѓанските права и човекови слободи и имаат независни медиуми, се најдоа Србија, Хрватска и Црна Гора, се наведува во извештајот на „Фридом хаус“. Босна и Херцеговина, Македонија и Косово се оценети како делумно слободни, односно во нив е ограничено почитувањето на политичките права и граѓански слободи. Тие страдаат од корупција, слабо владеење на правото, етнички и верски судири и политичка сцена на која една партија е доминантна, и покрај одреденото ниво на плурализам.

Што се однесува до состојбата на човековите права на глобално ниво, во светот во 2012 година имало 90 целосно слободни земји, што е 46 отсто од вкупно 195 земји, колку што се опфатени во годинешниот извештај на „Фридом хаус“. Оваа организација во делумно слободните рангираше 58 земји, додека 47 се неслободни. Неслободни се оние земји во кои не постојат основни политички права, а граѓанските слободи се кршат систематски.