1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Фридом Хаус: Зголемен притисокот врз медиумите, посебно во Македонија

Македонија останува делумно слободна земја, заклучува Фридом Хаус во најновиот годишен извештај за попитичките и граѓански слободи во светот објавен денеска. Во извештајот Македонија доби оценка-тројка.

default

Македонија е делумно слободна земја и во најновиот извештај на Фридом Хаус

Притисокот на слободата во медиумите се зголеми на Балканот, а посебно во Македонија, каде опозициски ориентирана телевизија и неколку весници беа постојано напаѓани и затворени, стои во најновиот годишен извештај за политичките и граѓански слободи во светот на Фридом Хаус.

Во него се забележува дека Балканот постигнал променлив напредок на патот кон демократизацијата и приклучувањето кон ЕУ. Фридом Хаус нотира и дека национализмот во голем дел од балканскиот регион продолжува да ги поткопува регионалните напори за обнова и ги комплицира односите со ЕУ.

Mazedonien Presse TV Sender TV A1 in Skopje

Фридом Хаус забележува на затворањето на А1 и неколку весници во Македонија

За Албанија се забележува дека не успеала да се справи со насилството против демонстрантите, со недостатоците на општинските избори, како и со неуспехот на судовите ефективно да ги решат големите корупциски случаи.

Во однос на Централна Европа како најсериозен проблем се издвојува Унгарија. Фридом Хаус забележува дека владата на Виктор Орбан го искористила дво-третинското мнозинство за изгласување на нов и проблематичен устав, без соодветен придонес на опозицијата, како и серија на закони на кои се гледа како на закана за слободата на медиумите, независноста на судството и политичкиот плурализам.

Иако за најголем дел од државите од Централна и Источна Европа се дава оценка дека економската криза во ЕУ не влијаела за нарушување на основните институции на демократијата, сепак Фридом Хаус забележува дека бројни земји останале високо ранливи од несигурната економија, спојувањето на бизнисите, политичките интереси и корупцијата. Латвија, Бугарија, Романија и Западниот Балкан можат да се соочат со проблеми ако потрајат економските проблеми на Европа, стои во најновиот годишен извештај за политичките и граѓански слободи во светот на Фридом Хаус.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Жана Ацеска