1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

„Фридом хаус“: Демократијата во Македонија назадува

Демократијата во Македонија назадува, покажува најновиот извештај на невладината организација „Фридом хаус“. Тој забележува и уназадување на состојбата со медиумите во Македонија минатата година и дава оценка од 4,50.

default

„Слободата на медиумите страдаше од остри пречки во 2010 година, потценувајќи ја значајната заштитничка улога што информативните медиуми ја играат во нацијата во транзиција“, стои во извештајот на „Фридом хаус“. Новинарите во Македонија се тужени од политичари, судии, владини функционери и конкуренти. Судските процеси против новинарите доживејаа рекорд минатата година, стои во извештајот. Самоцензурата расте, а влијание на тоа имаат и владините реклами, кои се емитуваат на медиумите блиски до власта. Во 2009 година за таа намена беа

Mazedonien TV Alfa

потрошени 10 милиони евра, а во минатата уште повеќе, забележува „Фридом хаус“. „Атмосферата во медиумите станува се’ повеќе политизирана, а новинарите и публикациите, кои критички гледаат на владата, често се соочуваат со заплашувања“, се нотира во извештајот на „Фридом хаус“.

Во него се критикува и новиот Закон за телекомуникации, со кој МВР може да следи телефонски и и-мејл комуникации без судско одобрение. „За новинарите, тоа е потсетување на 2001 година и телефонското следење на новинари и политичари, кога исто така на власт беше ВМРО-ДПМНЕ“, забележува „Фридом хаус“.

За судството, кое е клучен реформски критериум за прием во ЕУ, се вели дека напредокот во оваа област е бавен. Останува загриженоста за професионалноста на

Mazedonien Land und Leute Gericht in Skopje Berufungsgericht Eingang

судовите, како и хаотичното блокирање на судските процеси, особено во пониските судови. „Останува сериозната загриженост дека владата се меша во Судскиот совет – телото кое ги одбира, оценува и дисциплинира судиите“, забележува „Фридом хаус“. Како потфрлање во исполнувањето на европските стандарди се оценува мешањето на министерот за правда во отпуштањето судии минатата година. Политичкото влијание се` уште е присутно, се нотира во извештајот. Во него се поздравува носењето на законот за ранливи и маргинализирани групи, но се нагласува дека ќе помине време до неговата примена.

Во извештајот на невладината организација „Фридом хаус“ во однос на Македонија се забележува напредок во борбата против корупцијата, откако земјата стана кандидат за членство во ЕУ во 2005 година. Се забележуваат апсењата на полициски службеници, здравствени работници и вработени во Фондот за пензиско и здравствено осигурување, но се укажува и дека нема доволно персонал во антикорупциската канцеларија во министерството за правда, а канцеларијата на Јавниот обвинител одреден период немала ниту интернет.

За невладините организации се вели дека немаат влијание во јавните дебати и при носењето закони, а причината за тоа се бара во дел од невладиниот сектор, кој нема доволно капацитети да влијае врз носењето на политичките одлуки.

„Фридом хаус“ забележува дека владата не ги информира помалите партии и опозицијата за одредени прашања, како што е спорот за името со Грција. „Фридом хаус“ оценува дека се чини оти дводеценискиот проблем со јужниот сосед не е блиску до крај. Подигнувањето на споменикот на Александар Македонски може дополнително да ги расипе односите меѓу двете земји, оценува „Фридом хаус“.

Автор: Александар Методијев

Редактор: Александра Трајковска