1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Фрајбург- еден малку поинаков клуб во Бундеслигата

Фудбалскиот клуб СЦ Фрајбург важи за симпатичен аутсајдер во Бундеслигата. И оваа сезона екипата од Фрајбург игра добро и тоа благодарејќи на проверениот модел, вложување во сопствениот подмладок.

Бундеслигата не е хомогено друштво. Тука се од една страна големите клубови како Бајерн или Борусија од Дортмунд кои и со пари и со резултати играат на светско ниво. Но, од друга страна тука се и помалите клубови кои, инаку, не можат да се пофалат со ѕвезди во своите редови ниту со милионски буџет, но затоа освојуваат симпатии и се гордеат со својата верна публика.

Идеална мешавина

Еден од таквите клубови е и СЦ Фрајбург од истоимениот град на југозападот на Германија. Фајбург е по многу работи посебен. Тој беше прво упориште на Партијата на зелените, на инаку конзервативниот германски југ, град на студенти и интелектуалци познат по својата алтернативно-опуштена атмосфера.

На таков град, секако, многу подобро му одговара еден фудбалски клуб кој е „со двете нозе на земја“ и на кого му е поважно да се одржи отколку краткотрајната слава. За тоа се свесни и Фајбурговите професионалци меѓу кои е и Оливер Зорг. „Како навивач сигурно не би навивал за некој голем клуб туку за мал кој од малку знае да направи многу“, кажува Зорг кој на истиот принцип го избрал клубот во кој ќе игра. Од јануари 2012 година во Фрајбург игра и хрватскиот фудбалер Иван Сантини кој брзо се вклопил во опуштената атмосфера. За град кој се наоѓа на крстосница меѓу Германија, Швајцарија и Франција играчите кажуваат дека нуди всушност иделана мешавина: „Мирен е и покрај тоа што секогаш нешто се случува“, вели младиот напаѓач Јоханес Флум. Првиот градоначалник од Партијата на зелените, во историјата на Германија, Дитер Саломон, е чест гостин на трибините на градскиот клуб.

Вложување во подмладокот

Атмосферата и духот во Фрајбург, и во градот и во клубот, многу придонесуваат и во изборот на тренерите кои се се’ освен „стандардни“.

Fußball SC Freiburg Trainer Christian Streich

Тренерот на Фрајбург , Кристијан Штрајх

По Фолкер Финке, кој 16 години го водеше клубот и кој беше познат по тоа што на работ на теренот во Фрајбург, стотици километри одалечен од море, довлекуваше клупа за на плажа од плетена трска, кормилото на клубот го превзема Кристијан Штрајх. И овој тренер отелотворува уште една специфика на СЦ Фрајбург: интензивната работа со подмладокот и давање шанса на младите да се испробаат и во првиот тим, нешто што стана рекост во професионалниот спорт. Со Штрајх на чело подмладкот на Фрајбург веќе неколку пати ја освојуваше титулата во германското првенство. „Тренерот со младите се однесува на ист начин како и со првиот тим“, ја објаснува тајната на успехот Оливер Зорг.

На 17. април на СЦ Фрајбург има можност да освои повеќе. Тогаш во полуфиналниот меч од германскиот куп игра против јужногерманскиот ривал, ВФБ Штутгарт. И градоначалникот Саломон се радува на оваа средба, но и на фактот дека СЦ Фрајбург е веќе 4 години по ред во првата Бундеслига, а веќе е сигурно дека и петта година по ред ќе остане во друштво на најдобрите. Тоа е и добра реклама за градот.