1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франц Јозеф Јунг останува на својот став – пилотите може да одбијат наредба

*

Германските социјалдемократи побараа од партиите на унијата да се вратат кон сериозна политика по прашања од внатрешната безбедност на земјата. Парламентарниот раководител на пратеничката група на СПД во Бундестагот, Олаф Шолц рече дека изјавата на министерот за одбрана, Франц Јозеф Јунг, да се дозволи уривање на киднапиран патнички авион и покрај забраната за такво нешто до страна на уставниот суд, е неприфатлива. Претседателот на Сојузот на Бундесверот, Бернард Герц денеска уште еднаш ги повика пилотите на борбени авиони да одбијат евентуална таква наредба. Според законот за војници, тие се обврзани да не извршуваат наредби, со кои се прави прекршок, рече Герц за германската телевизија.