1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Франц Лист – прва глобална поп-sвезда

Вечни турнеи, хистерија кај обожавателките и бурен приватен живот: Франц Лист беше прототип на поп-sвезда на 19-от век. Но, 200 години по неговото раѓање најмногу сепак се помни неговата музика.

default

Франц Лист - музичар на две нации

Франц Лист е роден на 22-ри октомври 1811 година во Реидинг, мало место што денес се наоѓа во Австрија. Листовото родно место тогаш се´ уште и´ припаѓало на Унгарија, а со оглед дека и самиот композитор е со мешано потекло ( татко му бил Германец, а мајка му Унгарка) не е ниту чудо што денес го присвојуваат и двете нации.

Така, на родната куќа на Лист се наоѓаат две спомен-плочи кои ги поставиле две различни организации: едната плоча е напишана на германски, другата на унгарски јазик.

Композитор - по желбата на татко му

Малиот Франц или Ференц, како што го нарекува унгарската страна, бил се´ само не „Вундеркинд." Првата клавирска наобразба ја добил од својот татко, исто така музичар но, како што бележат историчарите, му требало доста мака малиот Франц да го присили да седне на клавирот:

„Многу е интересен фактот дека таткото на Франц себе си се гледал како нов Леополд Моцарт (таткото на Волфганг Амадеус)", вели Ника Вагнер, интендантка на музичкиот фестивал во Вајмар и праправнука на композиторот Рихард Вагнер.

„Сите фрустрации кои таткото на Франц ги преживеал требало да бидат излекувани низ кариерата на синот единец", вели наследничката на музичките семејства Вагнер и Лист.

Прва поп-sвезда

Liszt in Weimar

Популарен е и денес - плакат на Лист во Вајмар

Планот на таткото успеал. Како пијанист Франц Лист го освојува светот и со виолинистот Паганини е нешто како прва поп-sвезда во денешна смисла на зборот: испади поврзани со алкохолот, неброени љубовни афери и хистерии каде и да настапел. Животот на Лист бил живот на sвезда, вечно распнат меѓу европските метрополи Париз, Рим и Будимпешта. Првиот град во кој се скрасил бил германскиот Вајмар.Тука пијанистот Лист малку - помалку се претвoра во Лист композиторoт.

„ Би сакал копјата на мојата уметност да ги фрлам далеку во иднината", ја објаснува Лист својата желба за долговечната форма на изразување.

Недоволно познат опус

Gemälde Franz Liszt von Wolfgang Horwath FLASH Galerie

Портрет на Лист - дело на Волфганг Хорват

Лист долго морал да се бори за признание како композитор. И денес, 200 години по неговото раѓање и 125 години по смртта, на германско-унгарскиот мајстор пред се´ се гледа како на клавирски виртоуз и личност кој, не само заради своето музичко творештво, туку и поради врската со семејството Вагнер (вонбрачната керка на Лист Косима е последната сопруга на Рихард Вагнер) станала еден од симболите на германското културно наследство.

Неговата музика, освен неколкуте „хитови" како „Унгарската рапсодија" или „Љубовниот сон", повеќе или помалку останале непознати за широката публика. Тоа е пред се´ „заслуга" на германската музичка критика која делото на Лист често го карактеризирила како „површна уметност" која нема врска со „вистинските вредности на германската музика" отелотворена во делата на симфоничарите како што се Јоханес Брамс или Рихард Вагнер.

Семејни работи

Deutschland Geschichte Musik Komponist Richard Wagner

Зетот на Лист, Рихард Вагнер, немал симпатии за делата на големиот композитор

Многумина биографи сметаат дека всушност токму Вагнер кој подоцна му станал зет на Лист бил тој кој исто така помалку се погрижил за тоа делото на неговиот дедо во Германија да не дојде во потполност до израз. Хроничарите бележат дека Вагнер при првата посета на еден концерт на Лист „видно се досадувал" и дека тој факт не се обидувал да го сокрие. Односот на двајцата великани дополнително се влошил откако во јавноста избила аферата на ќерката на Лист ,Косима (која тогаш се´ уште била мажена за познатиот диригент Ханс фон Билов) и откако таткото застанал на страната на законскиот сопруг. Ситуацијата се смирила откако Рихард и Косима ја озакониле својата врска. Но, во музички поглед зетот и дедото никогаш во потполност не се помириле. Вагнер имено никогаш немал премногу симпатии за подоцнежните дела на Лист кои всушност денес засилено излегуваат на виделина и ја освојуваат новата публика.

Автор: Холгер Нолтце / Светлана Брик

Редактор: Симе Недевски