1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Француски новинар исчезна во Колумбија

Француски новинар е исчезнат од рано утрово во Колумбија заедно со петорица членови на безбедносните сили, по битката со левичарските бунтовници, во која загинале тројца војници и полицаец.

Исчезнатиот новинар е идентификуван како Ромео Ланглоис, кој работел за повеќе медиуми, вклучувајќи го и францускиот весник „Фигаро“ и француската телевизија „Франс 24“. Новинарот ја следел акцијата на безбедносните сили. Новинарот е колумбиски државјанин и е воен репортер. Од колумбиското министерство за одбрана информираат дека освен новинарот, се исчезнати и четворица војници и еден полициски офицер.

Министерството информираше и дека четворица војници биле ранети во, како што стои во соопштението, тешката битка со левичарските Револуционерни армиски сили на Колумбја (ФАРК), во која биле уништени пет лаборатории за производство на кокаин. Бунтовниците се финансираат од трговија со кокаин.

За исчезнувањето на новинарот потврда даде и француската амбасада во Колумбија. „Новинарот придружуваше армиски оддел, кој спроведуваше операција против трговија со дрога, во моментот кога одделот се најде под напад на силите на ФАРК“, стои во соопштението од француската амбасада во Колумбија. Француски дипломат информира дека колумбиските власти започнале операција за пребарување со цел откривање на исчезнатите.