1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Француски министер под сомневање за даночна измама

Против францускиот министер за буџет, Жером Каузак ќе биде отворена предистражна постапка поради сомневање за даночна измама, соопшти денеска (08.01) обвинителството во Париз.

Францускиот портал Медијапарт на почетокот на декември го обвини министерот дека со години има тајна сметка кај швајцарската банка УБС.

Жером Каузак (фото горе) тоа го демантираше. На својот интернет блог во втората половина од декември францускиот министер за буџет напиша: „Никогаш не сум отворил или имал сметка во УБС, во Швајцарија или каде било на друго место во странство.“ Каузак уште најави дека неговите адвокати ќе се обидат да добијат потврда за ваквото негово тврдење од страна на УБС.

Портпарол на банката УБС во декември, на барање на агенцијата АФП за ваква потврда, одговори дека потврда би можела да биде издадена, но на натамошните барања на агенцијата потоа не беше даден одговор.