1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Француски градоначалник им го посакува Хитлер на Ромите

Францускиот министер за внатрешни работи и нареди на полицијата во западниот град Шоле да отвори истрага против градоначалникот кој на група Роми им порача дека „Хитлер не убил доволно од нив“.

Жил Бурдулеи од центристичката партија УДИ бил снимен од локален весник како се заканува за време на кавга со група Роми, кои ги паркирале своите трејлери во парк во близина на градот без дозвола.

Коментарите на градоначалникот Бурдулеи беа објавени во истовреме со обидите на претседателот на државата Франсоа Оланд да ги ублажи нападите на конзервативците и дел од даночните обврзници кои се лути поради тоа што Ромите илегално ги користат јавните површини, и добиваат социјална помош од државата во време на криза.

Градоначалникот тврди дека неговите зборови биле извадени од контекст.

„Јас реков 'да беше Хитлер ќе ве убиеше сите', што значи, добро е што јас не сум Хитлер и нема ниту една причина така да ме нарекувате. Ова што се случува е кампања за мое клеветење“, тврди Бурдулеи.

Но, министерот за внатрешни работи Мануел Валс не се согласува со таквото тврдење. „Ова не беше лапсус. Отворен е случај пред судот затоа што ова е величење на злосторства од Втората светска војна, величење на нацизмот, и кога доаѓа од градоначалник, тоа е особено неприфатливо', вели Валс.

Frankreich Lyon - Räumung eines Roma Camps

Полицијата расчистува камп на Роми во близина на Лион, април 2012.

Според францускиот закон, лице кое ќе биде осудено за ова дело се соочува со казна од 45 илјади евра, затвор, или обете.

Во Франција живеат меѓу 250 и 300 илјади Роми, и повеќето се француски државјани. Тие имаат специјален статус кој им овозможува да ги паркираат своите мобилни домови во специјални отворени простори на кои имаат и бесплатна електрична енергија и вода во текот на летото. Но, по објавувањето на извештаите дека Ромите паркираат насекаде, често пати и на јавни површини како игралишта, реагираа многу граѓани.

На почетокот на месецов, градоначалникот на Ница исфрли една група Роми од спортско игралиште, заканувајќи се дека ќе ги протера сите „деликвенти“ и ги повика останатите градоначалници да се побунат против лежерниот однос на владејачките Социјалисти кон Ромите.