1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Француските фирми во реформски застој

За една деценија во Франција се укинати 750 илјади работни места во индустријата. Земјата во меѓувреме увезува повеќе стока отколку што извезува. Франција е во реформски застој. Од тоа се засегнати многу претприемачи.

Лик-Ерик Криеф на пат кон својата фирма во градот Демињи на истокот на Франција. Досега му оди добро, но претприемачот Лик-Ерик Криеф нема доверба во иднината. „Ние претприемачите сме вознемирени бидејќи нема многу нарачки, вознемирени сме бидејќи имаме проблеми со работниците, кои сакаат повеќе пари, а ние тоа не можеме да го платиме. И конечно ги гледаме владините одлуки, кои воопшто не се според нашите очекувања“

Криеф има 23. вработени. Но кога бизнисот оди добро, како лани, тоа не е доволно.

Минатата година фирмата „Бургоњ Техни Пласт“ имаше промет од 2,8 милиони евра, првенствено со особено робустни садови и прибор, како и со продажни штандови од пластика.

Повеќе месеци минатата година претприемачот иамше потреба од двојно повеќе работници. Затоа се одлучил за работници на одредено време, од кои може брзо да се ослободи. Криеф не сака постојано да вработи нови работници: „Трошоците на индустријата сѐ за 12 проценти повисоки од Германија. Ние имаме највисоки трошоци за работа во Европа, тоа е првата поента. На второ место се тешкотиите да се отпуштат работници кога нема нарачки. Во Франција е речиси невозможно да се отпушти вработен“.

Крута заштита од отказ, највисоки корпоративни даноци во Европа и високи социјални давачки.

Во тој поглед социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд речиси ништо не промени, иако до неодамна ги фалеше германските реформи на пазарот на трудот. Но, ништо од тоа не примени.

Една од причините за застојот во реформите е и крутиот став на синдикатите. Тие сѐ уште ги сметаат претприемачите за капиталистички експлоататори.

„Некои работодавци би можеле да воведат модерно ропство, да не тераат да работиме по 15 или 18 часови, да ни воведат безумни работни услови, а да добиваме колку да преживееме“, вели работникот Ерик Вере. Ваквите ставови го лутат Криеф. Тој се обидува да воспостави клима на дијалог со своите работници. „Во Франција е навика прво да се штрајкува, а потоа да се преговара. Треба да ја земеме за пример Германија, када е обратно.“, вели Криеф кој се надева дека 2014. година ќе донесе порелаксирани односи меѓу него и неговите вработени.