1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Француските милионери бегаат во Лондон

Со изборот на социјалистот Франсоа Оланд за претседател на Франција, станува тесно за богатите . Тој планира данок од 75 % за милионерите. Лондонските агенти за недвижности бележат раст на побарувачката од Франција.

Јужен Кензингтон, централен Лондон. Оваа населба отсекогаш привлекувала богати од целиот свет, Руси, Арапи и веројатно наскоро и чети богати Французи. Локалните агенции за недвижности во секој случај не можат да се пожалат.

„Додека од остатокот на Европа имаме пад на побарувачката за 10 проценти, од Франција доаѓаат 30 насто повеќе барања и тоа за топ објекти преку пет милиони фунти“, вели Џејмс Пејс од агенцијата Најт Френк.

Рекорден данок за богатите?

А причина за ваквиот интерес веројатно е новоизбраниот француски претседател Франсоа Оланд. Додуша и неговиот претходник Никола Саркози најавуваше дека ќе ги зголеми даноците за да го санира буџетот, но најавениот данок за богатите на Оланд предизвикува страв кај многумина: 75 проценти за годишен приход преку еден милион евра. Тоа би бил европски рекорд.

Präsidentschaftswahlen Frankreich 2012 Francois Hollande

Милионерите во Франција стравуваат од Франсоа Оланд?

„ Затоа тие си велат: О.К, ако заработувам само едно евро повеќе, плаќам речиси едно евро данок за тоа. Значи или нема да работам за тоа 1 евро повеќе или заминувам од земјата. Така навистина би можеле да претпоставиме дека овие високи даноци би можеле да натераат некои луѓе кои немале намера да заминат, сега да ја напуштат земјата“, вели Лорен Леклерк, експерт за даноци.

Станува збор за неколку илјади Французи, кои би можеле да побегнат во странство пред даноците на Оланд и како место за егзил пред се’ би го избрале Лондон- срцето на меѓународно вмрежен финансиски центар кој е поврзан и со даночните оази како Кајманските острови.