1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Францускиот уставен суд го стопира данокот на богатите

Највисокиот француски суд го отфрли засега спорниот 75-процентен данок за граѓаните со највисоки примања. Ова е горчлив пораз и шлаканица за претседателот Франсоа Оланд.

Дванаесетчлениот Уставен суд на Франција го прогласи за неуставен делот од законот со кој се воведуваше данок од 75 процнти од високите лични примања, кои надминуваа еден милион евра годишно.

Планираниот закон има погрешна основа, се вели во образложението. Со ова Уставниот суд анулураше едно од главните предизборни ветувања на францускиот претседател Франсоа Оланд кој на функцијата е седум месеци. Социјалистичкиот политичар пунктираше кај гласачите токму со најавата за воведување данок од 75 проценти за супер-богатите заради санирање на државните финансии. Ккао и што се очекуваше, жестока критика на плановите на Оланд имаше од редовите на француските богаташи.

Во светот голем публицитет доби посебно случајот со францускиот артист Жерар Депардје, кој важи за еден од најдобро платените во земјата, а кој во декември во знак на протест поради данокот и за да ги заштеди парите, се пресели во Белгија.

Gerard Depardieu

Жерар Депардје и‘ заврте грб на Франција поради најавениот данок

Франција моментно се соочува со високи долгови и слаба конкурентност на стопанството. Земјата се наоѓа во рецесија, невработеноста во меѓувреме изнесува повеќе од 10 насто, а ниту прогнозите за стопанскиот развој за идната година се не многу оптимистички.

Францускиот парламент на 20. декември го усвои буџетот за 2013. година, со кој државниот дефицит од сегашните 4,5 насто треба да се намали на три проценти од брутодомашниот производ. Предвидени се дополнителни зголемувања на даноците и кратења на државните издатоци од околу 30 милијарди евра. Еден дел од пектот е оданочувањето на супербогатите со 75 проценти.

Француската влада веднаш по соопштувањето на одлуката на Уставниот суд, најави дека ќе предложи нов закон.

„Ќе биде претставен нов текст во рамките на идниот закон за финансии, изјави премиерот Жан-Марк Ејро.

Тој истакна дека новиот текст ќе биде во согласност со принципите поставени од Уставниот суд. Советот забележа дека овај данок кој беше укинат, се однесуваше на физички лица, а не на домаќинствата кои се основата за пресметување на данокот.