1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Францускиот „спајдермен“ се искачи на кубански хотел

Голем број љубопитни граѓани ја следеа акцијата на Алан Роберт, кој се искачи по фасадата на еден познат кубански хотел. Акцијата на францускиот „спајдермен“ беше во чест на иконата на кубанската револуција Фидел Кастро.

Иако немаше никакво обезбедување, тоа „не беше особено тешко“, го коментираше Алан Роберт искачувањето преку балконите на 27-катниот хотел во кубанскиот главен град. Спортистот кој е познат како францускиот „спајдермен“ сакаше со неговата акција да го удостои и да му изрази признание на поранешниот водач на револуцијата и долгогодишен претседател на Куба, Фидел Кастро. Дали тој и лично ќе го прими, засега не се знае.

50-годишниот Французин се искачи по фасадата на хотелот „Хабана либре“, кој има голема симболика. Овој хотел, по неговиот легендарен марш кон Хавана, на Фидел Кастро извесен период му служеше како главно сместувалиште.

За акцијата на „спајдеремен“ му беа потребни 28 минути. Искачувајќи се на секој нов кат беше наградуван со громогласен аплауз од 2000 љубопитни граѓани. Полицијата привремено го запре сообраќајот.

Роберт до сега во целиот свет се има искачено на повеќе од сто згради, меѓу нив и на највисоката кула во светот - 828 метри високата Бурџ калифа во Дубаи, но во тој обид со безбедносен појас.