1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Французите се премислија за Строс-Кан

По првото сведочење на поранешниот шеф на ММФ, Доминик Строс-Кан, се забележува промена во француското јавно мислење. Додека повеќето Французи прво го сметаа за жртва на заговор, сега анкетите покажуваат нешто друго.

Доминик Строс-Кан пред судот во Њујорк се изјасни за невин

Доминик Строс-Кан пред судот во Њујорк се изјасни за невин

Сведочењето на популарниот француски политичар пред судот во Њујорк го следеа неколку француски телевизиски станици. Аферата околу Доминик Строс-Кан и три недели по апсењето доминира во француската јавност. Но, во јавното мнение се забележуваат големи промени.

„Симпатиите за Доминик Строс-Кан се значително намалени. Тоа може да се објасни со фактот што во меѓувреме повеќе луѓе сметаат дека е виновен. Други

Француските медиуми со внимание го следат процесот

Француските медиуми со внимание го следат процесот

пак, во изминатите недели добија толку многу информации за неговата личност, што се разочарани од него, дури и доколку се докаже дека е невин“, смета заменик директорот на Институтот за истражување на јавното мислење во Франција, ЦСА.

Моралот во политиката

Скандалот околу Доминик Строс-Кан, за разлика од другите слични скандали на политичарите, не може веќе да се прикрие. Апсењето на Строс-Кан предизвика и бурна јавна дебата околу моралот во политиката, а во тој контекст на светлина испливаа и други обвинувања за сексуално малтретирање. Така, државниот секретар Жорж Трон беше обвинет од две од неговите поранешни соработнички и тој мораше веднаш да поднесе оставка.

Во Франција се случува темелна промена во јавното мнение по ова прашање, смета набљудувачот Мишел Дармон:

„Веќе сега имавме ситуации на ослободување од притисокот на моќните. Случајот со државниот секретар Трон е само еден пример, иако тој се смета за еден вид колатерална штета на аферата на Доминик Строс-Кан. Жените го прекинуваат молчењето и има јавни протести против злоупотребата на функцијата на овој план. Сето тоа постепено ја менува политичката култура во Франција“, нагласува Мишел Дармон.

Симпатиите за Доминик Строс-Кан се значително намалени

Симпатиите за Доминик Строс-Кан се значително намалени

Борба на еден маж против една жена

Што се однесува до претседателските избори наредната година, се’ уште не се забележува промена на јавното мнение. Тоа веројатно се должи на фактот што актуелниот претседател Никола Саркози не е многу омилен кај граѓаните. Анкетите и понатаму покажуваат дека социјалистите се во предност. Но, тоа уште може да се смени, оценува политикологот Жером Сен-Мари.

„Французите сега сфаќаат дека не станува збор за борба на еден човек против правосудството, туку за борба на еден маж против една жена. Тоа би можело да има негативно влијание врз имиџот на левицата. Наспроти Доминик Строс-Кан се наоѓа една собарка од странско потекло, која всушност поседува профил со кој се идентификуваат приврзаниците на левицата во Франција!“

Автор: Кристин Хекман / Горан Чутаноски

Редактор: Елизабета Милошевска Фиданоска