1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Французите против истополови бракови

Стотици илјади Парижани протестираа против предлогот на законот за бракови на истополови парови кој го предложи владата. И Католичката црква ги поддржа демонстрациите.

Demonstrators against gay marriage, adoption and procreation assistance gather in the streets of Paris, January 13, 2013. REUTERS/Benoit Tessier (FRANCE - Tags: SOCIETY POLITICS CIVIL UNREST)

Paris Demonstration gegen die Gleichstellung von Homosexuellen

Меѓу 340 и 800 илјади демонстранти, според податоците на полицијата и на организаторите, учествуваа вчера (13.01) во Париз во протесната поворка против истополовите бракови и можноста хомосескуалните двојки да посвојуваат деца, што сака да го легализира францускиот социјалистичкиот претседател Франсоа Оланд. По доаѓањето на трите поворки до Ајфеловата кула, париската полициска управа изнесе проценка за 340 илјади учесници на протестот. Полицијата претходно соопшти дека очекува меѓу 150 и 300 илјади луѓе. Организаторот на протестот, здружението кое го поддржуваат Католичката црква и опозициската десница, соопшти дека на протестот учествувале околу 800 илјади луѓе. Француската министерка за социјална грижа и семејство, Марисол Турен за телевизиската мрежа „Канал плус“ изјави дека на „улиците излегле помалку демонстранти отколку што се надеваа организаторите“.

Организаторите ќе продолжат да вршат притисок врз социјалистичката влада до 29-ти јануари, кога во парламентот почнува дебатата за нацрт законот за редефинирање на бракот како заедница и можноста истополовите двојки да посвојуваат деца.

Министерката за правосудство Кристин Тубира неодамна повтори дека владата останува на таа одлука, без оглед на големината на протестите, исклучувајќи ја можноста за референдум што го бара дел од опозицијата и 115 парламентарни застапници во официјално барање.

На првиот протест против контроверзниот нацрт закон кој се одржа на 17-ти ноември 2012 година, учествуваа над 100 илјади луѓе. Приврзаниците на истополовите бракови, пак, ќе се соберат за дадат јавна поддршка на законот на 27-ми јануари.