1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Французите повторно на протести против хомо-браковите

Новиот закон за хомосексуални бракови повторно предизвика протести на неговите противници. Конзервативците, десните екстремисти и црквата не сакаат да прифатат хомосексуалците да имаат право на брак и на посвојување деца

Во францускиот главен град Париз вчера, според полицијата, протестираа 150.000 луѓе против законот за истополови партнерства, кој неодамна стапи на сила. Организаторите велат дека на демонстрациите учествувале еден милион луѓе.

Во среда на 29.05 во Монтепје треба официјално да биде склучено првото хомосексуално партнерство меѓу двајца мажи во Франција. Новиот закон им овозможува на истополовите двојки, покрај склучување на брак и право на присвојување на деца.

Судири во центарот на градот

Противниците на хомосексуалните бракови не сакаат да го прифатат тоа. „Постојат неправедни и нелегитимни закони. Ние и понатаму ќе се ангажираме, повторно да биде восоставен природниот поредок“, се лутеше еден демонстрант. На манифестацијата учествуваа и политичари од опозционата партија УМП и десноекстремната партија Национален фронт.

На демонстрации повикаа конзервативната организација „Манифестација за сите“ и институтот „Сивитас“ кој е близок до католичките традиционалисти.

Полицијата во Париз поради демонстрациите ангажираше 4.5000 службеници. На маргините на протестниот марш дојде и до судири.Некои од демонстрантите, маскирани, фрлаа шишиња кон полициските блокади и палеа чадни бомби. Полицијата употреби солзавец. Околу 300 лица се приведени.