1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Теми

Французин без екстремитети го преплива светот

Параолимпиец од Франција, кому му биле ампутирани рацете и нозете успеа да ги преплива најблиските точки меѓу земјините континенти

Пливачот од Франција, Филип Круазон, кому пред 16 години му се ампутирани рацете и нозете, пливаше меѓу американскиот остров Мал Диомид и неговиот руски соименик Голем Диомид, со тоа завршувајќи го своето патешествие околу светот, коешто започна во мај.

Како што јавуваат француските медиуми, Филип Круазон  останал без екстремитети откако доживеал извонредно моќен струен удар. Тогаш лекарите морале да му ги ампутираат и двете раце и двете нозе. Меѓутоа, Филип не ја изгуби силата на духот и со помош на специјално дизајнирани протетски помагала одлучи да се справи со навидум невозможното: симболично да ги поврзе петте континенти, препливувајќи ги теснеците и каналите коишто ги

Philipe Croizon

Филип Кроазон

раздвојуваат.

Овој подвиг Круазон го најави во април 2012 година, а уште во мај започна со неговото остварување.

Пред препливувањето на последната етапа од САД до Русија, Филип Круазон претходно преплива од Папуа Нова Гвинеја до Индонезија, соединувајќи ги Океанија и Австралија, потоа го мина Црвеното Море, со што ги поврза Африка и Азија, како и теснецот Гибралтар, кој ја дели Европа од Африка. Ноќта кон саботата Французинот го заврши своето патување од САД до Русија, поврзувајќи ги Азија и Америка. Својот потфат за поврзувањето на петте континенти, Круазон, како и што планираше, го заврши пред почетокот на Параолимписките игри во Лондон 2012 година.