1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција ќе гласа во прилог на Палестинците

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус денеска (27.11) изјави дека Франција ќе гласа со „да“ на барањето на Палестинците во ОН за добивање статус на „држава не-членка“.

Франција, постојана членка на Советот за безбедност, е прва голема европска држава која се изјаснува во прилог на палестинското барање. Палестинците, по неуспешниот обид минатата година, во четврток (29.11) имаат намера да направат повторен обид во ОН за добивање статус на „држава не-членка“. Во Њујорк, 193 држави во Генералното собрание на ОН треба да гласаат дали на Палестинците ќе им одобрат набљудувачки статус, кој е степен повисоко од актуелниот статус. Тоа се‘ ушtе не значи целосно членство во ОН, но статусот на „држава не-членка“ е важен инструмент во политичките судири - Палестинците со него би можеле да пристапат кон меѓународни договори.

За разлика од гласањето за полноправно членство, кога е потребно да гласа Советот за безбедност, за статусот „држава не-членка“ е потребно просто мнозинство во Генералното собрание. Се смета дека Палестинците ќе добијат поддршка, поради тоа што веќе при самото поднесување на барањето тие зад себе ја имаа поддршката на 120 од 193 држави во ОН. САД и Израел го отфрлаат барањето на Палестинците и бараат повторен почеток на директни мировни преговори, кои инаку веќе две години се „под мраз“.