1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Франција „се лизга“ во рецесија

Она што долго се насетуваше, денеска е потврдено официјално: втората по големина економија во Европа се наоѓа во рецесија. Шефот на Европската централна банка Марио Драги од Париз побара реформа на пазарот на труд.

Француската служба за статистика Инсее потврди - Франција се наоѓа во рецесија. Во последниот квартал од 2012 година, исто како и во првиот од 2013 година Брутодомашниот производ забележал пад од по 0,2 проценти, соопшти службата во Париз. Со тоа се потврдува нејзината прогноза во мај. За целата 2013 година, Инсее предвидува мало назадување на француското стопанство.

Со оглед на влошената економска состојба, Европската комисија на Франција и‘ направи отстапка и и‘ дозволи дефицитот во државниот буџет да го доведе до границата од предвидените 3 проценти дури во 2015 година. Комисијата во пролетната прогноза за 2013 година буџетски дефицит во Франција од 3,9 проценти, а за 2014 дури 4,2 проценти.

Француската влада вчера најави за првпат во последните 50 гоидни да ги намали за идната година државните давачки во однос на претходната година. Расходите со тоа во 2014 година би биле помали за 1,5 милијарди евра, но за политиката на вработување ќе бидат ставени на располагање дополнителни 1 милијарда евра.

Претседателот на Европската централна банка Марио Драги побара Франција да спроведе реформи заради поголема конкурентност и раст. Драги инстистира на реформирање на пазарот на работна сила, како што изјави тој пред пратениците во францускиот парламент.

„Да не заборавиме дека оние кои најмногу страдаат од нереформираниот пазар на работна сила се младите луѓе. Доказ за тоа се актуелните енормни бројки на млади невработени“, рече Драги.

Стапката на невработеност во Франција моментно е околу 11 проценти, што е повисоко отколку на пример во Германија. Франција важи за потенцијално следно „проблематично дете“ во еврозоната, зашто стопанството слабее, долговите се високи, а пазарот на работна сила е нефлексибилен.