1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција се враќа во командната структура на НАТО

Зеленото светло за ваквата одлука го дадоа доцна синоќа француските пратеници. За целосно да се осигура одлуката тие гласаа и за доверба на владата и нејзината надворешна политика, иако се водеше дебата само за НАТО.

default

Со 329 гласови „за“ и 238 „против“ Националното собрание и` изгласа доверба на надворешната политика на француската влада и даде зелено светло за целосно враќање на Франција во командната структура на НАТО. Непосредно пред гласањето, премиерот Франсоа Фијон ја оправда одлуката на претседателот Никола Саркози за нормализирањето на односите со НАТО со „геополитичката еволуција“. Наспроти бројните критики од опозицијата но и од внатрешните редови на владејачката десница, премиерот тврди дека дипломатската независност на Франција останува во целост. „Нашата нација не добива наредби од никого. Франција е сојузник, но не вазал. Верна, но непокорена. Секогаш братска, но никогаш подредена. Ова е природата на нашите односи со САД“, нагласи Фијон.

Осуда од опизицијата

Frankreich NATO John Kennedy in Paris 1961

Министерска средба на НАТО во Париз, јуни 1961 година

Левицата целосно ја осудува инцијативата на Саркози. Во името на опозицијата одговори поранешниот премиер Лорен Фабиус. Тој забележа дека власта е целосно противречна. „Во моментот кога се појавува мултиполарниот свет, вие се приклучувате кон логиката на блокови, со што суштината на вашата позиција е одбраната на НАТО и одбраната на Запад“, реагираше Фабиус. На гласањето не учествуваа пратениците од владејачката УМП, кои беа против целосното враќање на Франција во НАТО. Пратеникот од десницата, Франсоа Гулар, изјави дека неговите колеги не можеле да гласаат против враќањето во интегрираната команда на НАТО, без да биде ставена во прашање одговорноста на владата. „Тоа значи дека не можеме да гласаме слободно“, изјави Гулар. Слично размислува и Жан-Пјер Гранд кој иако сакал да гласа против, сепак на крајот бил сведен на молчење.

Позицијата на Саркози не е многу убедлива

Finanzkrise in Frankreich: Präsident Sarkozy will Arbeitsplätze retten

Никола Саркози

Тројца поранешни премиери не ја премолчија одлуката на Саркози. Лионел Жоспен смета дека позицијата која ја брани претседателот Саркози не е многу убедлива. Таа според него го става во прашање не само националниот одбранбен концензус, туку допира и дел од идентитетот на Франција. Најжестоките критики дојдоа од бранителите на голистичкото наследство, Алан Жупе и Доминик де Вилпен. Ваквата одлука за нив претставува „лош сигнал“, бидејќи со неа се дава сигнал на затворање, кога треба да се биде во логика на отворање“. Поранешниот премиер Домик де Вилпен смета дека Франција ќе загуби на дипломатски план.

Владата се откажа од гласањето за доверба во Сенатот од страв дека нема да го добие посакуваното мнозинство. Целосното враќање во НАТО ќе биде официјализирано на самитот на Алијансата кој ќе се одржи на трети и четврти април. Домаќини се Франција и Германија