1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Франција сака да воведе данок за смартфони

Кој би требало да ја финансира културата? Државата, сложно одговарат културните работници. Но, таа обично не знае од каде. Француската влада дојде на идеја да воведе данок на смартфони и така да ја финансира културата.

Во пресрет на планираните преговори за европско-американската слободна трговска зона Франција и натаму не попушта, кога станува збор за културните производи, значи книгите, филмовите, музиката и видеоигрите. Тие би требало да бидат изземени од преговорите, смета министерката за трговија Никол Брики, во поинаков случај Франција ќе ги блокира преговорите.

„Ние Французите поставивме услови за преговорите“, укажува министерката. А еден од нив е дека културата мора да биде изземена од нив. Франција не е осамена во ова барање. Француската министерка за култура Орели Филипети и нејзините колеги од Германија, Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Шпанија, Унгарија, Италија, Полска, Португалија, Романија, Словачка и Словенија во заедничко писмо бараат од ЕК секторот медиуми да се изземе од договорот за слободна трговска зона.

Велика Британија на ова гледа поинаку. Се' мора да се стави на маса, без исклучок, побара неодамна британскиот премиер Дејвид Камерон при посетата на американскиот претседател Барак Обама.

Данок на смартфони за културата

Paris - Eifelturm und die Seine

Во Франција и' се оддава голема важност на културата

Целното поттикнување на француската култура наречено "exception culturelle" се базира на извештај кој е изработен по налог на новиот француски претседател Фрасоа Оланд. "Cultural Exception - Act II" има 486 страници, тежи 2,3 килограми и содржи 80 предлози за заштита на француската „креативна индустрија“, која според наводи на министерката Филипети чини три проценти од францускиот БДП. Еден од тие предлози е и данок за смартфони, теблет- комјутери, електронски читачи и други справи со чија помош може да се сурфа на интернет.

Ако таков данок навистина биде одобрен, би требало да изнесува околу еден процент од цената на уредот. Во 2012 година во Франција биле продадени такви направи во вредност од 8,6 милијарди евра - што теоретски би знечело 86 милиони евра за француската државна благајна.

„Данок! Секогаш само даноци!“, се лути Камиј Бедин заменик генерален секретар на опозиционата партија УМП. Меѓутоа француската влада по владеењето на Шарл де Гол (1959 - 1969) не познава друг начин на финансирање. Тој систем не го менуваа ниту Жак Ширак и Никола Саркози.

Szene aus dem Film Ziemlich beste Freunde

Светски хит „Недопирливи“

На пример кино: за секој билет кој ќе биде продаден во некое француско кино, дали се работи за француската домашна комедија или за холивудски филм, 11 проценти од цената одат на субвенции за филмската индустрија. Ако некоја ТВ станица емитува играни филмови, мора да плати дополнителен надомест за поттикнување на француската кинематографија. Субвенциите за филмската индустрија изнесуваат околу една милијарда евра годишно.

Според истражувањата на француската телевизија БФМТВ дури 40 проценти од филмската кинематографија се финансираат од државниот буџет, а само 15 проценти од домашните филмови се профитабилни. Речиси сите филмови со Жерар Депардје или други француски ѕвезди носат загуби - не затоа што Депардје е лош актер, туку едноставно е прескап.

Gerard Depardieu als Obelix

Жерар Депардје е едноставно прескап

Но, затоа Французите можат да се пофалат дека годишно имаат прилика да гледаат речиси 250 филмови од домашно производство. За споредба во Велика Британија се снимаат 135 филмови годишно.

„Културата не е обичен бизнис“

Во споредба со своите европски соседи, Франција плаќа изненадувачики висок надомест за краткорочно невработените културни работници. Под категоријата на т.н. intermitents du spectacle" спаѓаат актери како Жулиет Бинош, но и автори кои со месеци истражуваат за своите документарци. Таа помош не е ништо друго освен еден облик на субвенција која на продуцентските куќи им дозволува помалку да плаќаат за културните работници и поефтино да произведуваат програма.

Првобитно со проектот  "exception culturelle" требаше да се заштити богатството и разноликоста, вели Пјер Лескур, поранешен шеф на ТВ станицата „Канал плус“. Сега меѓутоа адекватно прилагодување на поттикнувањето на француската култура во светло на дигитализацијата стана неоходна потреба. Со ова се согласува и Јирген Бос, шефот на францускиот саем на книгата. „Кога се поттикнува културата, се потикнува креативност.  Културата едноставно не е обичен бизнис“.