1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франција – протести

Во повеќе француски градови десетици илјади граѓани протестираа против изградбата на нова нуклеарна централа во Нормандија. Само во градот Рен, што се наоѓа на 160 км од новата нуклеарка, на улица излегоа повеќе од 40 илјади демонстранти. Тие го обвинуваат државното претпријатие за електрична енергија дека со изградбата на нова атомска централа има намера нуклеарната енергија да ја етаблира како клучен извор на енергија во иднина. Во Франција веќе има 58 такви централи, кои покриваат три четвртини од вкупните енергетски потреби на земјата.