1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција пред последниот исчекор в лево

Во Франција денеска се оддржува вториот круг од парламентарните избори на кои фаворит е Социјалистичката партија на претседателот Франсоа Оланд. Со тоа треба да се комплетира политичката победа на левицата во земјата.

Последните истражувања на јавното мислење пред денешниот втор круг од парламентарните избори во Франција главно покажуваа дека во Националното собрание на Франција, кое има 577 пратеници, за првпат по цели десет години мнозинство ќе имаат социјалистите. На партијата на новиот француски претседател Франсоа Оланд во најлош случај за мнозинство ќе и треба поддршка од партнерската партија на Зелените. Се очекува најлоши резултати за забележи конзервативната Унија на народното движење (УМП) на поранешниот претседател Никола Саркози, која досега го имаше мнозинството во парламентот.

Во парламентот за првпат по 14 години може да влезат и екстремните десничари од Националниот фронт под водство на Марин ле Пен.

Француските избирачи треба да изберат 541 пратеник, бидејќи 36 се веќе избрани во првиот круг на 10 јуни. Според мнозинскиот гласачки систем во Франција, денеска се гласа во останатите изборни единици, во кои ниту еден од кандидатите не доби апсолутно мнозинство во првиот круг. За победа во вториот круг е доволно обично мнозинство. Место на гласачкото ливче за денешното гласање имаат изборено сите кандидати кои во првиот круг од изборите освоиле најмалку 12,5 насто од гласовите.

Социјалистите и ивните сојузници во првиот круг освоија 46 отсто гласови, Блокот на десниот центар 34 отсто додека Националниот фронт на Марин Ле Пен освои 13,6 отсто гласови.