1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Франција: Поголем данок за граѓаните за да има повластици за фирмите

Франција има намера да ги направи своите претпријатија „фит“ во меѓународна конкуренција со помош на даночни олеснувања, тешки милијарди евра.

Владата на претседателот Франса Оланд на работодавачите им вети олеснувања до 20 милијарди евра годишно, со што индиректно треба да се намалат трошоците за работа, кои се критикувани како превисоки. За да може да ги финансира повластиците за фирмите, социјалистот Оланд има намера да го зголеми данокот на додадена вредност, да воведе нов еко-данок и да го скрати буџетот за десет милијарди евра.

Со ваквиот потег француската влада ги следи препораките на човекот што таа го задолжи за проценка, поранешниот шеф на концернот ЕАДС, Луи Галоа. Галоа во својот извештај побара олеснувања за стопанството во делот на придонесите на плати во висина од околу 30 милијарди евра.

Францускиот премиер Жан-Марк Еро оцени дека планот е напор во интерес на сите Французи. Ова е „одлучувачка етапа“ во борбата против пропаѓањето на француската индустрија, изјави Еро.