1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Франција – најсигурното место за спас од крајот на светот

Календарот на јужноамериканските Маи предвидува наводно крај на светот на 21.12.2012. Тие што веруваат во ова пророштво, веруваат и дека спасот можат да го најдат на еден рид во Франција.

default

Во раните утрински часови, ноќниот воз застанува во Нарнбоне, во подножјето на Пиринеите. Од тука се стигнува до селото Бугараш, под самиот врв на планината Пик де Бугараш.

Наводно, само тој рид ќе остане нечепнат, кога ќе дојде крајот на светот. На 21 декември 2012-та година, денеска, како што предвидува календарот на јужноамериканските Маи, ќе се случи крајот на светот, но зошто се предвидува дека местото Бугараш и неговиот рид ќе останат недопрени?

Луѓето во потрага по вселенска енергија им одат на нерви на мештаните

Пред црквата има семејство од Белгија, кое се подготвува во поход кон ридот. Дали можеби тие слушнале нешто за крајот на светот?

„Не, не“, вели таткото.

„Ма, не“, се смее мајката.

Една жена од Берлин со детето веќе тргна во освојување на ридот.

„Тргнуваме кон врвот на ридот. Сакаме горе да се најдеме во вител на силна енергија. Тој енергетски вител е директна врска со вселената – еден вид врска меѓу земјата и небото“, објаснува Лаетита од Берлин.

На мештаните од селото овие „апокалиптичари“ веќе одамна им одат на нерви. Стотици веќе го посетиле Бугараш, а некои дури сакаат и да се населат во селото. Цената на земјиштето нагло порасна.

„Добар ден. Дали сакате да зборувате со новинари“, прашувам човек кој стои на порта од двор на куќа што е на продажба, но изнервираниот сопственик воопшто не сака да зборува со новинари, бидејќи секојдневно го опсипуваат со исти прашања.

Bugarach

Жителите во селото се вознемирени од новите соседи и зголемениот број посети

Во Бугараш да не се оди поради бајките за крај на светот

Градоначалникот како порачан излегува од шумата и со гордост ги покажува печурките што ги набрал. Предвидениот крај на светот него како да не го вознемирува.

„Видете, најдов вргањи, лисичарки...“, вели градоначалникот.

„А, дали почувствувавте некои вибрации?“

„Да, секогаш чувствувам посебни вибрации, ама тие не се од вселената, од вонземјаните“, одговара низ смеа првиот човек на Бугараш.

Miners watch as the drill machine 'Sissi' breaks through the rock at the final section Faido-Sedrun, at the construction site of the NEAT Gotthard Base Tunnel Oct. 15, 2010. With a length of 57 km (35 miles) crossing the Alps, the world's longest train tunnel should become operational at the end of 2017. ((AP Photo/Christian Hartmann,Pool)

Оние кои веруваат во теоријата за крајот на светот, веруваат дека на ридот во Бугараш има вртлог на космичка енергија

Селаните се чувствуваат небезбедни од новите соседи

Мнозинството селани ги нервира сомнителната слава на Бугараш. Според мислењето на селаните - апокалиптичарите, кои сега го окупираа планинското село, се лудаци.

„Некои дури тврдат дека виделе вонземјани, некои зборуваат со карпите на ридот, а има и такви кои велат дека чувствуваат вибрации од вселената“, вели градоначалникот.

Но, кој да знае какви се’ опасности со себе може да донесе таа приказна за крај на светот.

„За некои луѓе, кои живеат веќе овде, се прашувам какви се’ глупости се во состојба да измислат, како на пример колективниот поход во смрт или нешто слично на тоа. Пред две години еден се обиде да се самоубие со самурајски меч“, вели градоначалникот.

Можеби жителите на Бугараш одамна ја знаат вистината за посебната вонземска моќ на своето место и да сакаат да ја сочуваат само за себе. Затоа, најдобро е веднаш сите да се упатат во освојување на ридот и барање на надземската моќ.