1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Франција и Италија испраќаат офицери кај бунтовниците во Либија

Франција планира да испрати мал број официри за врска во Либија, како поддршка за тамошната опозиција.Британската влада претходно најави дека има намера да испрати 20 соработници во Либија. Слична мерка најави и Италија.

default

Трупите лојални на Гадафи шират терор во Мисрата

Франција има намера да испрати мал број официри за врска во Либија, како поддршка за тамошната опозиција. Британската влада уште вчера најави дека има намера да испрати 20 соработници во Либија.

Портпарол на француската влада денеска јасно изјави: дека не постојат намери за испраќање на копнени трупи. Францускиот министер за одбрана, по седница на кабинетот изјави, дека за прашањето за испраќање копнени трупи вреди да се размисли на интернационално ниво. Франција меѓутоа нема намера да поднесе предлог до ОН.

Guido Westerwelle in Luxemburg

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле

Испраќањето на воени советници и официри за врска се гледа како знак дека НАТО согледал, оти со воздушните напади против трупите на Моемер Гадафи не може да се сопрат нападите врз цвивилите. Либиските бунтовници бараат инаку ангажман на странски копнени трупи.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле денеска ја одби можноста за испраќање копнени трупи во Либија и покрај безнадежната состојба на бунтовниците.

Тој за време на посетата на Абу Даби се заложи за брзо политичко решение на конфликтот во Либија со помош на регионалните сили. На средбата на министрите за надворешни работи на земјите -членки на ЕУ и на државите во Персискиот залив тој изјави дека брзо воено решение на кризата во Либија не е веројатно.

Автор: АТ/СН/дпа/ртре

Редактор: Симе Недевски

DW.COM