1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франција – избори

43 милиони граѓани на Франција денеска избираат наследник на претседателот, Жак Ширак. За највисоката функција во државата се борат 12 кандидати. Според анкетите, најголем број гласови би добиле конзервативниот поранешен министер за внатрешни работи, Никола Саркози и социјалистката Сеголен Ројал. Зад нив би следеле политичарот на центарот, Франсоа Бајру и десниот екстремист, Жан-Мари Ле Пен. Доколку ниту еден од кандидатите не освои апсолутно мнозинство гласови, на 6 мај ќе се одржи втор круг избори, во кој ќе влезат двајцата кандидати со најголем број гласови.