1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Вести

Франција – избори

На изборите за претседател на Франција, двајца кандидати се пласираа во вториот круг – конзервативниот политичар, Никола Саркози и социјалистката, Сеголен Ројал. Саркози, во првата рунда од изборите доби 31,1% од гласовите, додека на контото на Ројал отидоа 25,8% гласови. Политичарот на центарот, Франсоа Бајру освои 18,6% гласови, а десниот екстремист, Жан-Мари ле Пен ја доби довербата на 10,1% од избирачите. Одзивот на овие претседателски избори во Франција е рекорден – 84,6%. И Саркози и Ројал нагласија дека во вториот круг на изборите, што ќе се одржи а 6 мај, ќе се носи решение за идниот економски и социјален правец кон кој ќе оди Франција.